Clostridium botulinum е бактерија која ја произведува еден од најсмртоносните (според некои извори и најтоксичен) отров на светот – Ботулински токсин, а позната е по злокобната болест која ја предизвикува – Ботулизам.
Иако се смета за најотровната супстанција на светот, Ботулинскиот токсин редовно се користи во козметичката индустрија – како Ботокс.
Едно кристалче од овој отров со величина на зрно песок може да убие 9600 луѓе, а само 4 килограми би можело да ги убие сите луѓе на планетата.
Оваа бактерија може да се пронајде во почвата и водата ширум светот и воопшто не е невообичаени и опасна. Но, проблемот започнува кога ќе доспее во човековиот организам и кога ќе ги нападне активните клетки – моментот кога започнува да произведува 7 токсини (отрови) од кои 4 можат да го убијат човекот.
Само во Велика Британија секоја година се пријавуваат по 10-30 случаи на труење со С.Botulinum бактеријата, а причината е речиси секогаш иста: неправилно конзервирана храна.
Бактеријата исто така, може да се пронајде и во медот, но за среќа нашиот организам е доволно силен да ја уништи пред да стигне до активните клетки. Од друга страна, бебињата немаат развиен имун систем против оваа бактерија се додека да наполнат една година, па затоа никогаш не треба да им се дава мед на бебиња помлади од 12 месеци.
Токсините кои оваа бактерија ги произведува во нашиот организам се всушност гасови кои бактеријата ги испушта. Овие гасови го напаѓаат невротрансмитерот кој ја контролира мускулната контракција, па поради тоа во рок од неколку дена речиси сите мускули престануваат да функционираат, а доколку не се лекува навремено, болниот може да умре од гушење (не можност за дишење).
За среќа, противотров на Ботулинскиот токсин постои.