Тајната на целерот е едноставна: содржи многу малку калории и додека го консумирате ви помага да ги согорите мастите во организмот.
Целерот главно се состои од вода, па поради тоа е посакувана состојка во избалансираните диети.
Меѓутоа, само од целерот нема да ги добиете неопходните минерали и хранливи материи, па затоа е најдобро да го комбинирате со други намирници.
Целерот има многу пријатен вкус па можете да го додавате во јадењата или да го грицкате со јогурт, немасна павлака и слично.
ЦЕЛЕР (Apium graveolens) исто така, долго се користи во традиционалната кинеска медицина за намалување на високиот крвен притисок, што е експериментално докажано.
Во еден експеримент, инјектирањето со екстракт од целер во лабораториски животни, значајно го намалил нивниот притисок.
Кај луѓето, консумирањето на само четири стебленца целер го дава истиот ефект.
Лек за триглицериди
Потребни состојки:
400 г целер
1 кг лимон
2 литри вода
Подготовка:
Целерот и лимонот се сечкаат и се варат на тивок оган околу 20 минути. Смесата се остава да преноќи, или да отстои најмалку 6 часа. Потоа се прецедува и се складира во стаклени шишиња кои се чуваат во фрижидер.
Употреба:
Се консумира по 100 мл пред јадење, трипати дневно.
Целерот за жал кај нас не се консумира често, овој зеленчук помага при лекување на многу заболувања.
Поради многуте хранливи и здрави материи кои ги содржи, оваа билка се смета за многу здрава и лековита.
Оваа древна лековита намирница е одличен извор на витамин К и Ц, калиум, фолна киселина и влакна.
Па, така целерот е и одличен и за намалување на киселините во желудникот.
Коренот и семето на ова лековито растение се користат за лечење на благи форми на анксиозност и вознемиреност, замор, кашлица, губиток на апетитот.
Често се користи при потешкотии при варењето на храната, при заболувања на желудникот и цревата.
Целерот исто така помага и при отстранување на отровите од телото, помага во регулација на високиот крвен притисок, делува поволно при заболувања на црниот дроб и жолчка и помага во регулирањето на шеќерот во крвта, па е одлична храна за дијабетичарите.