Ако си мислевте дека сè што е здраво мора да е невкусно, тогаш гpeшите. Овие печива се толку многу вкусни што може да се заборавите од јадење. Она што е најдоброто во овој рецепт, е што содржи само намирници кои се исклучително здрави.
Кога имаме дома брокула и сирење, најчесто ги користиме како гарнир на главните јадења, а некогаш и за салати или варива. Овие печива се веројатно наједноставниот и најдобриот начин да направите заситен оброк со овие две состојки.
Во долниот дел се состојат од тенко тесто, а во горниот дел се наоѓа филот. Половина час печење во рерна и добивате одлично јадење на трпезата. Иако брокулата може да се приготви на огромен број начини, сепак обидете се и испробајте го овој рецепт.
Домашните печива можете да ги правите како тенки плочки – барови и да ги користите како енергетски закусни секојпат кога ќе ви се пријаде нешто помеѓу оброците, особено доколку сте на некоја диeта и се гpижите за килогpaмите. Ако сте подготвени, ајде да започнеме, еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г брокула, 2 јајца, 100 г урда со помалку маснотии, 250 г моцарела (или некое свежо сирење), сол по вкус, мелен црн пипер по вкус. Во оригиналниот рецепт не се спомнати, во вашите енергетски барови можете да додавате и разни семиња и семки по вкус.
Исто така, во тестото не се содржи прашок за печиво, но доколку баровите ги сакате да бидат помеки, тогаш во смесата на крајот додајте една мала лажичка прашок за печиво.
ПОСТАПКА: Брокулата добро измијте ја, исцедете ја и поделете ја на помали цветчиња. Сомелете ја во блендер да добиете брашнаста структура. Додајте ја моцарелата па повторно измиксајте во блендерот.
Добиената смеса истурете ја во некој подлабок сад, па додајте ја урдата, јајцата и зачините. Додека ги мешате состојките вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Треба добро да ја изедначите смесата.
Плехот малку намастете го и обложете го со хартија за печење. Истресете ја смесата во подготвениот плех, рамномерно распоредете ја и израмнете. Можете да наросите сусам, ленено семе или некои семки пред печењето.
Ставете да се пече во загреаната рерна околу 35 минути или додека да добие златна коричка. Исечете на плочки и послужете. Сите знаеме дека брокулата е прекрасен зеленчук и често се користи во диетите. Овие печива со брокула докажуваат дека теоријата за невкусната здрава храна е неточна.