Ова е тесто за погачички кое е испробано и за кифлички и од тогаш е најомилено во сите комбинации, меко и мирисно… Верувајте, овие погачици и кифлички се навистина нешто посебно.
Потребни состојки:
1 квасец
2 чаши млеко
2 лажички шеќер
2 лажички сол
1 чаша масло или 2 лажици маст
3 жолчки
1 чаша кисело млеко
1 кг брашно +-
За погачиците по желба масно сирење
За фил:
3 белки
По желба сирење или нешто друго
За премачкување:
1 јајце
1 лажичка масло
И уште:
Доста сусам
Путер/маргарин
Постапка:
Растопете го квасецот во малку млако млеко. Изматете ја маста (полни да бидат лажиците) и жолчките и во тоа додадете кисело млеко.
Во брашното ставете сол, шеќер и активиран квасец, додадете го преостанатото млако млеко, маст, жолчки и кисело млеко и за погачици додадете сирење, па замесете тесто.
За кифличките можете и не мора да ставате сирење во тестото, а за погачиците што повеќе толку подобро.