Потребни состојки:

500 г брашно +-

1 коцка квасец

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

100 мл вода

200 мл млеко

100 мл маслиново масло

1 јајце

Фил:

300 г сирење

2 јајца

1 лажичка сол

За премачкување:

1 јајце

Дусам и ким за премачкување

Постапка:

Во брашното додадете сол, шеќер и издробен квасец. Потоа јајце вода, млеко и маслиново масло. Замесете тесто, покријте го со крпа и оставете на  собна температура да се удвои. Надојденото тесто премесете го и од него правете мали топчиња.

За величината на топчињата одлучете сами, поголеми топчиња – поголеми кифлички.

Секое топче исукајте го со оклагија, па засечете на неколку места до половина.

Филувајте со приготвениот фил и свиткајте кифла.

Засечените делови благо свиткајте ги во спирала и свиткајте околу кифлата.

Постапката повторете ја додека да го потрошете целото тесто и фил.

Секоја кифличка малку свиткајте ја и редете во тепсија обложена со хартија за печење.

Кифличките свиткајте ги: едната на страна а другата спротивно како да “гледаат” една во друга. Помеѓу кифличките оставете малку растојание за да се спојат во текот на печењето и да добиете ПАР.

Премачкајте ги кифличките со изматено јајце, поросете сусам, ким и малку алева пиперка.

Печете во загреана рерна додека да заруменат.