Потребни состојки:
1 пакување готови кори
5-6 тиквички
500 г кравјо сирење
5 јајца
5 лажици кисела павлака
1 лажица гриз
1 лажичка прашок за печиво
Вегета, сол, церн пипер
Постапка:
Тиквичките излупете ги и изрендајте ги. Посолете ги и после 15 минути исцедете ги со раце.
Сирењето измешајте го со јајца, 2 лажици кисела павлака и гриз. Зачинете по желба.
Во намастен плех со путер ставете еден лист кора, па врз него распоредете прво тиквички па смеса од сирење, а потоа ставете ја втората кора која со лесно притискање со прстите ќе се “изгужва” според величината на плехот.
Постапката повторувајте ја додека има материјал. Завршете со кора кора треба да се израмни и исече според величината на плехот (доколку е поголема).
Прелијте со мешавина од јајца и кисела павлака, па исечете на коцки со остар нож, за да се распоредат јајцата и во внатрешноста.
Печете на 180℃ околу 30 минути додека да стане златно кафеава.
Малку изладете па послужете за ручек или закуска за гости, како топло предјадење или за вечера. Вкусна е и топла и ладна а со неа идеално иде чаша јогурт.
Можете да ја приготвите без преливот од јајца и да ја замрзнете, па кога сте во гужва само да ја извадите од замрзнувач и да ја испечете.