Красула: ако сакате добра енергија и многу пари, еве како треба да ја чувате

Сrasula ovata е билка чие присиство, според фенг шуи, привлекува позитивна енергија и пари. Затоа сите ја сакаат во својот дом, а особено во канцеларија или воопшто во просториите на работа.

Според старата кинеска филозофија Фенг шуи, билката треба да се постави од десната страна на влезната врата во северниот или северозападниот дел.

Билката поседува етерични масла кои ја зголемуваат менталната и физичката будност на човекот и ги активираат неговите умствени и физички способности.

Ако сè уште ја немате оваа билка, би требало што поскоро да си ја набавите. Красула е зелена билка со дебели ливчиња, за која се верува дека позитивно влијае врз работата и дека привлекува пари.

Познавачите на фенг шуи знаат дека зелените билки се вистински исцелители на негативната енергија во домот. Според некои верувања од Истокот, постојат и билки кои привлекуваат пари во домот, а на домашните им носат мир и благосостојба.

Најпозната меѓу нив е красула (lat. crasula ovata). И одговара светло место, но да не биде директно изложена на сонце.

Од пролет до доцна есен може да ја изнесете надвор, дури и да ја закопате во градината заедно со саксијата. Во есен, кога ќе почнат ладните ноќи со температура под 10°С, потребно е да ја внесете внатре.

Внимавајте на температурата внатре – не и одговараат премногу загреани простории, бидејќи тогаш не може да го постигне периодот на мирување, а често доаѓа и до зашилување и опаѓање на листовите.

Лесно се закоренува со резници во пролет. Препорачливо е да ја оставите резницата неколку часа да се засуши местото каде е пресечена, па потоа да ја насадите директно во земја.

Пресадувајте ја секоја втора година. Саксиите не мора да бидат длабоки. Важно е само да има добра дренажа, за да не се задржува вишокот на вода.

Не ја полевајте многу често.

Во периодот кога расте треба да се полева редовно со умерена количина на вода. Помеѓу две полевања супстратот треба да се остави да се исуши.

Во зима се полева многу малку или воопшто не се полева доколку е во простории со пониска темература. Премногу вода може да доведе до опаѓање на листовите. Минималната температура која ја толерира е околу -1 °C.

Loading...