Д-р Џош Екс, физијатар и клинички нутриционист, еден од најпопуларните лекари во САД, открива дека поленовиот прав се покажал како особено ефикасен во неговата медицинска пракса.

НМД.мк




„Фактот дека тоа е основната суровина од која младите пчели произведуваат матичен млеч – супстанца неопходна за хранење на потомството и матицата. Поради недостиг на полен во кошницата, матицата престанува да снесува јајца, а пчелите престануваат да лачат восок и да го градат саќето“, вели Џош.

НМД.мк




Поленот ја зголемува работната способност, ја нормализира работата на желудникот, а се препорачува особено по теш-ки опера-ции и на п ациенти кои биле озpaчени со рендген или биле третирани со големи дози на антибиотици.

НМД.мк




Поленот треба да се конcyмира и во случај на хроничен замор, особено од интелектуален напор, потоа во случај на заболување на црниот дроб (жолтица) и депре-сија, бидејќи го подобрува pacположението. За да делува поленот, треба да се зема редовно и долго, а не заборавајте дека можете да го земате превентивно и на тој начин да ги спречите болестите.

НМД.мк




МЛЕКО СО МЕД И ПОЛЕН: Измешајте 500 мл млако млеко, 50 г мед, 10 г мелен полен. Оставете ја смесата да отстои еден час, а потоа пијте во голтки. Овој напиток е многу хранлив и го штити организмот.




За вториот рецепт ќе ви бидат потребни: половина литар млако млеко, сок од еден портокал, сок од половина лимон, 50 г мед, 10 г мелен полен. Растворете го медот и поленот во топлото млеко, изладете и додајте ги соковите од портокал и лимон. Ова е мултивитамински напиток за реконвалесценти. Го подобрува имунитетот, поволно делува на растот и ја поттикнува менталната работа.

НМД.мк




ЈОГУРТ СО ПОЛЕН: Измешајте една чаша кисело млеко или јогурт и една лажица поленов прав. Овој рецепт особено им се препорачува на постарите луѓе, бидејќи поволно делува на работата на црниот дроб, срцето и ендокриниот систем.




КИСЕЛО МЛЕКО СО МЕД, ПОЛЕН И СОК ОД МОРКОВ: Измешајте една чаша кисело млеко, сок од една мандарина/портокал, две лажици сок од морков, една лажица мед и една лажица поленов прав. Овој напиток е одличен за децата бидејќи го подобрува апетитот, а исто е добар лек за анемија и ја подобрува општата состојба на организмот.

НМД.мк




НАПИТОК ЗА УБАВИНА: Измешајте 200 г сок од моркови, излупен портокал, сок од половина лимон, една лажица полен и една лажица мед заедно. Додајте 200 мл млеко и кратко промешајте. Редовната употреба на овој напиток ќе го зачува здравиот и убав тен. Оваа каша може да се користи и како маска за лице.

НМД.мк




Сигурен и природен лек за бронхит, астма и прочистување на белите дробови – лек на Соние Дуле Андреев, споделен во групата НМД рецепти. „Еве еден сигурен природен лек против вирусите” – вели г-ѓа Андреев која речиси пред две децении се борела со бројни т ешки болести и која со помош на природната медицина успеала да го зајакне својот организам. Таа несебично ги споделува своите рецепти со читателите на НМД.мк.

НМД.мк




Потребни состојки: 2 кг органски мед, 500 г полен, 200 мл прополис. Постапка:  Сите состојки се ставаат во еден поголем сад или тегла, па добро се промешува. Се остава да се растопи поленот, за што му се потребни 2-3 дена.

Затоа, добро е ако одвреме на време се промешува, па на тој начин многу побрзо ќе се растопи. Оваа мешавина е многу лековита за бронхит, астма, кашлица и многу добро ги прочистува белите дробови“, го споделува своето искуство г-ѓа Андреев.

Ова е основната смеса на г-ѓа Андреев, а од истата може да се прават комбинации со мелени ореви, сечкани суви смокви, рендан ѓумбур, куркума, алое… односно лекот да се прилагоди според потребите.

НМД.мк