I Рецепт: Витамински сок со кој ќе спречите појава на тромб и ќе го зајакнете имунитетот

Сокот од киви содржи витамин А, витамин Б комплекс витамин Ц, витамин Е, витамин К, селен, калциум, калиум, фосфор, каротеноиди, железо, хлорофил, лутеин, јаглехидрати, флавоноиди и затоа се препорачува да се користи во исхраната на бебиња, а киви се препорачува особено за време на бременоста.

Потребни состојки: 1,5 кг свежи и излупени киви, половина кг шеќер (или помалку), 1,5 литар вода.

Подготовка: Излупете и исечкајте ги кивите и ставете ги во блендер. Потоа низ цедалка процедете ја добиената смеса за да добиете што е можно повеќе сок. Во меѓувреме зовријте ја водата, а откога ќе зоврие, тргнете ја настрана и почекајте да се излади.

Во исцедениот сок од киви додајте ја зовриената вода што претходно се изладила и половина кг шеќер. Мешајте околу 20 минути додека шеќерот целосно да се стопи. Стерилизирајте стаклени шишиња во кои ќе го претурите домашниот сок од киви и складирајте ги во фрижидер. Разредете го сокот со вода пред да го користите.

II Рецепт: Лек за чистење на кр-вните садови и раз-бивање на тромбот

Рецепт на Јелена. Потребни состојки: 20 чешниња лук, 2 литри вода, 4 лимони, 1 портокали. Овој лек помага и при кардиомиопатија.

Постапка: Лукот исчистете го и ставете го во 2 литри вода да се вари со поклопен сад. Кога ќе почне водата да врие намалете ја температурата на шпоретот на најмала (едно пред исклучување) и оставете да се готви уште 10 минути.

Потоа тргнете го тенџерето од шпорет и оставете да се излади 30 минути на собна температура. За тоа време убаво измијте ги лимоните и портокалите, процедете го нивниот сок, а корите сомелете ги.

Доколку лимонот и портокалот не се органски, истретирајте ги со сода бикарбона и вода. После 30 минути, извадете го лукот од водата, а во неа додајте го сокот и корите и оставете да отстојат 2 – 3 часа на собна температура.

По изминатото време, процедете ја водата и складирајте ја течноста во шише и чувајте ја во фрижидер. Се кон-сумира трипати на ден, половина час пред појадок, ручек и вечера.

Количината на кон-сумирање треба да биде во чаша од 30 мл. Се пијат три дози, а потоа се прави пауза. Кога ќе ја потрошите првата количина, веднаш започнете со подготвување на втората, а потоа на третата.

III Рецепт: Сок од домати за тромбоза, притисок и холестерол 

Потребни состојки: 3 кг домати, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сол.

Подготовка: Најпрво измијте ги добро доматите, извадете ја дршката и средниот дел на доматите, а потоа сечете ги на средни парчиња во длабок сад. Доматите сомелете ги така што ќе остане само сокот од нив. Количината на сокот зависи од тоа доматите дали се сочни, но отприлика ќе добиете околу 2,5 литри сок.

Кората на доматите повторно сомелете ја така што ќе се исцеди и последниот сок, а и таа ќе се сомеле заедно со него. Ќе добиете густ сок од домати. Овој сок може да го конзервирате на 2 начини.

Првиот начин е вака подготвениот сок да го процедите во шишиња (без семките) и да го чувате во фрижидер. Овој сок не е потребно да го посолувате, а потребно е да го испиете во рок од 5 до 7 дена.

Вториот начин е да го зготвите сокот (исто без семки и без кората овојпат). Кога сокот ќе почне да врие, додајте една мала лажичка шеќер и две лажички сол, па промешајте. Продолжете да го готвите сокот 6 – 7 минути и повремено отстранувајте ја пената од сокот.

Во меѓувреме, пастеризирајте неколку стаклени шишиња во претходно загреана рерна на 100 степени околу 10 – 15 минути, а потоа претурете го сокот во нив. Потребно е шишињата да бидат загреани кога го ставате сокот во нив.

Откога ќе го претурите сиот сок, затворете ги цврсто со капаче, а потоа со крпа превртете ги шишињата наопаку и складирајте ги во кутија. Оставете ги вака шишињата да се изладат и чувајте ги на темно и суво место. Вака подготвениот сок може да стои цела зима без да се расипе.

IV Рецепт: Чу-десен лек за тромбоза и б олни вени: Рецепт од две состојки кој се пренесува од колено на колено

Мо ќното овчо млеко во комбинација со уште една состојка прави вистински чу-да. Проблемот со проширени вени и тромбозата е вообичаен денес, особено помеѓу жените. Оваа состојба може да биде многу б олна и животот да стане комп-лициран.

Проширените вени најчесто се јавуваат на нозете и зглобовите, како последица од оште-тени залистоци и вени, вишок килограми, недостиг на вежбање, по-вреди, тромби, бременост, како и долго стоење и седење.

Набубрените, проширени и увртени вени не можат да овозможат добар проток на кр-вта кон срцето, туку таа се акумулира во вените. Покрај тоа, проширените вени можат да ги бло-кираат длабоките вени и со тоа да предизвикаат длабока венска тромбоза.

Меѓутоа, ако се третира навремено, тоа не би требало да прерасне во сериозен проблем. Значи, треба да кон-сумирате здрава храна, потребно е имате исправни навики за седење и стоење и редовна физичка активност.

Потребни состојки: 1 чаша овчо млеко, 1 бебешки сапун. Постапка: Изрендајте го сапунот и ставете го во млекото. Лекот чувајте го во фрижидер.

Начин на користење: Ставете ја мешавината врз памучна ткаенина и нанесете ги како облога на проблематичните делови. Вт-ријте ја смесата нежно со движења нагоре-надолу, трипати дневно, а во меѓувреме оставете облогите да делуваат. После некое време ќе бидете изненадени од резултатите.

V Рецепт: Ефикасен препарат за проширени вени: руски лек кој го топи тромбот

Оние кои го пробале велат дека оваа каша навистина помага. Им се препорачува на сите кои имаат проблеми со воспаление на површински вени и кои па-тат од проширени вени.

Потребни состојки: 250 г лук, 15 лимони.

Постапка: Лукот излупете го и ставете го во блендер или сомелете го. Лимоните кои треба да бидат непрскани, исто така сомелете ги, па измешајте ги заедно со лукот.

Добро изблендирајте за да добиете изедначена смеса, која ќе ја складирате во стаклена тегла. Теглата не ја затворајте со капак, туку прекријте ја со газа. Пијте еднаш дневно по една супена лажица од оваа мешавина со чаша топла вода. Чувајте во фрижидер и кон-сумирајте редовно од лекот. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска