Низ артериите се пренесува крв која е богата со кислород, до секој дел од телото. Здравите артерии се еластични и низ нив слободно циркулира крвта и ги храни ткивата. Меѓутоа, со текот на годините доаѓа до наталожување на плаки во ватрешните ѕидови на артериите, со што тие стануваат крути, помалку еластични и стеснати. Низ нив крвта тешко циркулира.

Ваквите артерии се исклучително опасни, бидејќи може да доведат до срцев или мозочен удар, кои може да бидат фатални.

Меѓутоа, не се само старите лица со ризик од склеротични артерии. Поради лошите навики, лоша исхрана, пушење и слаба физичка активност, сите ние сме под голем ризик.

Затоа, многу е важно да се подигне свеста за сочувување на здравјето на артериите, без разлика на возраста. За среќа, постојат некои природни и едноставни решенија со кои може да се одржува здравјето на артериите.

1.Прво и основно, мора да направите промена во животните навики.

Откажете ги цигарите, започнете редовно да вежбате, внимавајте на телесната тежина. Обидете се да го намалите стресот, кој е ризик фактор за добивање срцев удар. Одете редовно на лекарски контроли и направете стрес тест.

2.Започнете да консумирате здрави масти.

Не се сите масти штетни, па така омега-3 масните киселини кои може да се најдат во рибиното и маслото од црниот дроб на ајкулите и некои риби, се одлични за здравјето на срцето. Други намирници со здрави масла се: Авокадо, маслиново масло, бадемово масло и ленено семе. Дури и кокосовото масло кое содржи заситени масти, е одлично како лубрикант на нашите артерии.

3.Пијте сок од калинка.

Направена е голема студија со која е докажано позитивното дејство на сокот од калинки врз крвните садови. Ги намалува оштетувањата и спречува нивно закрутување. Претставува силен антиоксидант кој спречува да напредне болеста на артериите, а со тоа спречува срцев и мозочен удар.

4.Редовно земајте природни витамини или суплементи.

Доколку има недостиг на витамините Б6, Б12 и Ц, голема е веројатноста да дојде до срцев удар.

5.Јадете повеќе лук.

Сите знаат дека лукот е суперхрана, меѓутоа сите го одбегнуваат поради мирисот. Тој е силен антиоксидант, се бори против слободните радикали, го намалува нивото на лошиот холестерол, а го покачува нивото на добриот.

6.Консумирајте куркума.

Содржи куркумин кој докажано има антиинфламаторни и антиоксидативни совојства кои го одржуваат здравјето на артериите.

7.Заменете го вашето кафе со чај од ѓумбир.

Ѓумбирот е уште една корисна намирница која ги раствора плаките во артериите и го намалува лошиот холестерол.

8.Оставете ги цигарите и не престојувајте во зачадени простории.

Докажано откако ќе ги оставите цигарите, доаѓа до подобрување на нивоата на добриот холестерол, а исто така, се подобрува и циркулацијата.

9.Не претерувајте со алкохолот.

Според Мајо клиниката, препорачана доза е 1 чаша вино за жени, а до 2 чаши за мажи помлади од 65.

10.Јадете поразновиден зеленчук од сите бои.

Правете колку можете пошаренолики салати и водете сметка да јадете многу зеленчук.