Не можам да го опишам тестото: Меко и крцкаво истовремено, вкусно, се топи во уста…Врв! Потребни состојки за тесто: 1 кг брашно, 5 филџани (од 30 мл) масло, 500 мл чај од камилица или некој друг чај, 6 лажици шеќер, 1 коцка свеж квасец, 1 ванилин шеќер, ½ лажичка сол и малку рендана кора од лимон.

За фил: 4х200 г мелени ореви или мак, рогач, лешници, потоа 4х3 лажици шеќер и 700 мл врела вода. Постапка: Прво сварете го чајот. Сварете поголема количина, може ќе ви затреба. Разматете го квасецот со една лажичка шеќер и малку топла вода, па оставете на топло да се активира.

Во измереното и просеано брашно додадете масло, шеќер, рендана лимонова кора, ванилин шеќер, малку сол, активираниот квасец, па додадете го млакиот процеден чај. Замесете меко тесто – не грижете се, како што ќе стасува, ќе добива посебна структура која ќе можете дури и со прсти да ја развлекувате.

Оставете го тестото да стасува додека да се удвои. Потоа поделете го на 4 делови. Секој дел развлечете го во правоаголна форма со величина на плехот од рерната. Секој дел од тестото посебно се филува. Секој фил се приготвува на ист начин: На пример, во мелениот мак додадете шеќер и полијте го со врела вода.

Не смее да биде многу ретко. Кората премачкајте ја со филот и свиткајте го ролатот. По ширината на плехот (намастен) наредете ги 4 ролати. Штрудлата ставете да се пече во преходно загреана рерна на 220 степени, додека убаво да зарумени и да ви замириса целата куќа, околу 30 минути.

Извадете го плехот од рерна, прекријте ги ролатите со крпа и оставете полека да се ладат. Потоа наросете ги со шеќер во прав. Ова тесто секогаш успева, лесно се приготвува, не чини многу скапо, а дава врвен резултат.

Coolinarika.com