Метереопатија е болест која се јавува како последица на влијанието на метеоролошките фактори врз здравјето на луѓето од сите возрасти. Кога се менува времето се чувствувате уморни, лошо расположени, понекогаш имате болки во зглобовите или сте нервозни.

Неодамна за метереопатијата се сметаше дека е имагинарен проблем, а денес се смета дека е сериозен здравствен проблем. Според некои статистики, 30 – 70% од луѓето страдаат од некој вид метереопатија. Овие луѓе се жалат на различни видови на здравствени нарушувања кои ги попречуваат во извршување на нивните секојдневни активности.

Проблемот е во нашата несоодветна адаптација на метеоролошките промени. Секако, начинот на живот главно во затворен простор, кој вклучува вештачка животната средина, ја намалува способноста за адаптација на надворешните временски услови.

Поради тоа, се предвидува дека метереопатијата може да стане една од главните болести на модерното живеење. Тоа е болест која се јавува од влијание на метеоролошките фактори, меѓу кои промени во температурата, влажноста и воздушниот притисок, ветер, дожд, грмотевици и јонизацијата. Тоа влијае на луѓето од сите возрасти, од мали деца до постари лица, претежно средната возраст, а почеста е кај жените.

Метереопат е лице кое реагира негативно на ефектот на промените на временските услови. Обично 24 – 48 часа пред да се промени времето се јавуваат симптомите на оваа болест, а едни од најчестите се: главоболка, вртоглавица, депресивно расположение, проблеми со концентрацијата, слабост, замор, болка и чувствителност во мускулите и зглобовите, промени во расположението.

Ваквата состојба обично трае еден до два дена. Од влијание на промени на времето особено страдаат хронично болните. Со стабилизација на времето и симптомите исчезнуваат, но повторно се враќаат со новите промени на времето. Многумина тврдат дека наглата промена на временските услови им предизвикува појава или интензивирање на веќе постоечките болки, особено во коските и зглобовите,  предизвикани од артритис или некои други ревматски заболувања.

Луѓето, пак, кои страдаат од мигрена исто така неретко ги обвинуваат временски услови за појавата на болките, односно симптомите на мигрената. Некои веруваат дека и срцевите удари се барем во одредена мера поврзани со временските услови, други пак ги поврзуваат и сезонските настинки со заладувањето и периодот на зима.

Доста е тешко да го доведете во прашање она што луѓето ве уверуваат дека е вистина и го чувствуваат на своите коски, буквално и фигуративно. Но, што велат науката и фактите за наведениве состојби?

Срцев у дар

Кога станува збор за кардиоваскуларните заболувања, низа на студии укажуваат дека времето може да има значително влијание. Имено, најголем импакт имаат т.н. екстремни температури, односно многу високите температури во летниот период и оние далеку под нулата, во зимскиот период. Но, исто така големите промени во атмосферскиот притисок, можат да имаат влијание.

Една постара студија од северна Франција покажува дека наглите падови во барометарскиот притисок (на пример во периоди пред бура) може да биде поттикнувач за почести срцеви у дари кај луѓето кои веќе се во висок ризик.

Хрватско истражување од 2014 година ни дава податоци според кои можна е сериозна врска помеѓу еден опасен тип на аритмија и наглите падови на атмосферскиот притисок и зголемената влажност во воздухот.

Едно поголемо истражување од Канада пронашло поврзаност помеѓу интензивните снежни периоди и зголемениот ризик од срцев у дар. Имено, добиени биле резултати според кои имало 16% зголемен број на срцеви у дари во болниците и за 34% зголемен ризик од смр-тен исход од тие у дари, во првиот ден после интензивните паѓања на снег.

Но, тоа било случај главно кај мажите и кај оние индивидуи кои немале историја на кардиоваскуларни заболувања. Се смета дека причината за ова е интензивната физичка работа, односно чистењето на снегот на особено ладни температури. Тешката физичка работа на поединци кои и не се така физички активни, на екстермно ниски температури, може значително да придонесе за појава на срцев у дар, според истражувачите.

Екстремно топлите лета исто така можат да бидат проблем кога станува збор за кардиоваскуларните заболувања. На телото му е потребен дополнителен ангажман за да ја одржи температурата во нормала. Срцето исто така работи понапорно. Постојат повеќе ризик групи кои се особено подложни на срцев у дар при екстремно жешки температури, а тоа се:

повозрасните лица, бездомниците кои се постојано изложени и оние со хронични заболувања. Овие групи на луѓе имаат помала способност за физиолошко адаптирање на екстремно топлите и ладни температури, па и на наглите промени во воздушниот притисок.

Ревматски заболувања

Истражувачите, поради огромниот интерес и сомнежите спровеле низа од студии на тематиката: климатски промени и болки низ телото. Резултатите од тие студии одат во две насоки. Според едни врската е јасна, други пак ја минимизираат директната релација и ја објаснуваат појавата на болки при промената на времето со друг пристап.

Според повеќе студии постои директна релација помеѓу интензивираните симптоми на ревматските заболувања и промената на времето. Спроведувани се во најголем дел статистички истражувања според кои над 60% од испитаниците давале константни податоци за влошување на болките при промена на временските услови.

На пример, според една британска студија на тематиката со 13.000 испитаници, постои директна врска помеѓу облачното и врнежливо време и зголемувањето на потешките болки од ревматски заболувања. Испитаниците биле внимателно следени, односно следено било нивото на болки и локалната прогноза.

Главоболки

Како што претходно споменавме, многу често луѓето со мигрена ја обвинуваат климата за интензивирањето на нивните болки. Иако не постојат премногу студии на оваа тема, оние кои се објавени даваат потврда за овие чувства на луѓето со мигрена.

Една студија спроведена во Тајван вели дека општо главоболките се поверојатни во периодите на транзиција, од зима во пролет и од пролет во лето.

Вирусни и бактериски инфекции, грипови и настинки

Вирусите и бактериите се директни причинители за инфекциите, а не климатските услови. Сепак, јасно е дека вирусните инфекции полесно се шират кај луѓето со намален имунитет и со суви дишни патишта.

За овие две причини, климата секако дека игра одредена улога. Имено дишењето многу ладен или многу топол воздух кој не е со адекватна влажност може да предизвика суви дишни патишта (недостаток на течноста која ги облива, а во неа се содржат важни компоненти кои имаат антивирусен ефект, како антителата).

Физичкиот стрес предизвикан од чувството на студ, односно лачењето на одредени хормони, може исто така да влијае на зголемување на ризикот од настинки и грипови поради намалувањето на имунитетот. Дополнително, во зимските услови седиме повеќе во затворени, непроветрени простории, неретко со лоша релативна влажност на воздухот. И ова секако го зголемува ризикот од инфекции.

Јасно е дека настинките и гриповите се заразни заболувања, што значи генерално се добиваат преку контакт со заболени, но искуствата на луѓето, односно поврзувањето на ладното време и настинките не е сосем неосновано, иако се потребни уште многу истражувања на оваа тема.

Временските услови и расположението

Повеќето истражувања на оваа тема докажале дека временските услови можат директно да влијаат на расположението. Она што субјективно го сметаме за лошо време, може да има влијание на нашето општо расположение, но и на ризикот од развивање на некои дијагнози како анксиозност и депресија.

Несомнено е дека сите надворешни фактори, па и времето, односно климатските услови, влијаат на состојбата и здравјето на сите живи суштества. Како што видовме претходно, временските услови можат да влијаат на влошување на некои медицински состојби.

Топлото време може да го зголеми ризикот од срцев у дар и да го зголеми бројот на некои штетни организми пренесувачи на болести, ладното време може да предизвика хипотермија. Значи најчесто временски услови се индиректно поврзани со нашето здравје, иако сé повеќе истражувања укажуваат и на директна врска.

Постојат 2 видови метереопатија:

Примарна – или основна метереопатија која се јавува кај здравите личности во вид на промени во расположението, телесна слабост или болки во зглобовите за време на временските промени.

Секундарна – која претставува состојба на веќе присутна болест (висок кр-вен притисок, срцеви и белодробни заболувања, воспалителни и дегенеративни болести, како и проблеми со мускулите и зглобовите) каде симптомите се влошуваат поради промените на времето.

Ако патите од метереопатија, треба редовно да ја следите биометеоролошката прогноза, така што ќе можете на време да се подготвите за промените на времето или да ги ублажите или избегнете симптомите кои ви се јавуваат.

Се препорачува консумирање на магнезиум и витамин Б6, кои можат да ги намалат симптомите. Освен тоа, добро е да се поминува време во природа и да се избегнува долго седење во затворена просторија или пред компјутер.

Билни чаеви

Ако патите од метереопатија, се препорачува да пиете чај од камилица, липа, лимон или лимонова трева кои ја намалуваат нервозата, иритираноста и напнатоста. Се препорачува овие чаеви да се пијат неколку денови пред промени во времето и појава на симптомите. Чајот од валеријана исто така е одличен избор за оние кои патат од несоница и стрес. Се препорачува да се пие навечер.

Гуарана

Екстрактот од семките од гуарана го елиминира заморот и го стимулира централниот нервен систем. Како природен стимуланс, гуараната се препорачува за луѓе кои се под постојан хроничен стрес и оние кои сакаат од себе да извлечат максимум кога тоа е најпотребно. Се користи за подобрување на когнитивните функции и перформанси кај спортистите.

Делувањето на гуараната се поврзува со високото ниво на кофеин кој го содржи оваа билка, но која за разлика од кафето не предизвикува негативни ефекти како брзо чукање на срцето или забрзан пулс. Гуараната ги опушта мускулите, ги намалува тешкотиите и ги штити нервните влакна.

Лецитин

Лецитинот се препорачува кај оние кои имаат болни зглобови и боледуваат од артритис или други ревматски заболувања, тешко се движат или се чувствителни на временските промени. Лецитинот помага и во подобрување на фокусот и концентрацијата. Тој може да се најде во сојата и се препорачува дневна доза лецитин од 200 – 500 мг.

Жен шен

Жен шенот го јакне и стимулира организмот. Неговото дејство е позитивно докажано во лекување на симптомите кај метеоропатите. Екстрактите на оваа билка помагаат во справувањето со стресот и лошото расположение.

Се користи и за подобрување на телесната кондиција, работните способности, зголемување на општата отпорност на организмот и јакнење на срцето, кр-вните садови и нервниот систем. Се препорачува да се консумира подолго време за резултатите да бидат видливи. Но, се препорачува да се внимава кај оние кои страдаат од висок кр-вен притисок. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.