40 зелени ореви во мед – традиционален еликсир против настинки, кашлица, за зголемување на имунитет

Отсекогаш во нашата традиционална медицина се користеле младите зелени оревчиња за приготвување на разни лековити препарати. Најчесто се приготвува познатиот напиток оревовача, сирупот и медот.

Во продолжение следи рецепт за еликсир кој ублажува настинки, ја чисти крвта од отрови, го подобрува варењето и го снабдува организмот со јод, чиј дефицит предизвикува проблеми со работата на тироидната жлезда.

Loading...

Младите, зелени ореви се богати со витамин Ц, а во комбинација со медот се одличен препарат против анемија, но помагаат и кај настинки, кашлица и воспаление на крајници, прочистување на црниот дроб, желудникот и крвта. Идеално е да се берат токму сега.

Ова е традиционален бабин рецепт и многу е едноставен за приготвување.

Потребни состојки:

1 кг мед
40 мали зелени ореви

Постапка:

Оревите наберете ги од чиста еколошка средина. Измијте ги и исушете ги на крпа. Исечете ги на коцкички, ставете ги во мала тегла и прелијте ги со мед. Ако се многу мали, тогаш само избоцкајте ги или пресечете ги на половина.

Теглата оставете ја на светло место, но не ја изложувајте на директна сончева светлина, бидејќи може да му наштети на јодот, но и на медот. На секои 10 дена отворете го капакот и промешајте ги оревите со дрвена лажица.

После 40 дена извадете ги оревите или процедете го медот. Оревчињата кои сега се потемнети, можете да ги искористите за подготвување на вино. Медот складирајте го на темно и ладно место.

Се консумира по една кафена лажичка, секое утро. Со консулатција на лекар, може и деца да го консумираат за зголемување на имунитетот.

Loading...