Жената сосем случајно дошла до овој рецепт и никогаш не се покајала што го испробала. Рецептот беше објавен со српските медиуми. Одењето на лекар најчесто е причинето поради кашлица и настинки. Една жена случајно дошла до рецепт за имунитет и одлучила да го испроба. Оттогаш поминале 40 години, а таа веќе немала потреба да оди на лекар.

Станува збор за природен лек против настинка кој ќе ви помогне да го смирите вашето воспалено грло, а потоа и да го излекувате. Брзо и едноставно решение кое ќе ве ослободи од главоболка и кашлица, а кое многу лесно се приготвува, а истовремено е многу вкусно.

Сите состојки кои ви се потребни се лесно достапни: шеќер, вода, лимон, мед, ѓумбир, каранфилче и шеќер во прав. Под овој, прочитајте го и рецептот на билкарот Мартин Најдовски.

Постапка: Полна шолја шеќер и една шолја вода ставете во тенџере. Додадете сок од половина лимон и по една лажица мед, ѓумбир во прав и каранфилче во прав. Ставете на тивок оган и мешајте додека да се растворат состојките. Тргнете од оган и продолжете со мешање. Смесата треба да биде густа и темна како сируп. Кога малку ќе подизлади, врз плех обложен со хартија правете бонбони со помош на лажица. Кога ќе изладат валкајте ги во шеќер во прав за да не се залепат. Бонбоните можете да ги лижете или да ги ставате да се растопат во топол чај или вода.

БОНБОНИ ЗА ГРЛО И БЕЛИ ДРОБОВИ – РЕЦЕПТ НА МАРТИН НАЈДОВСКИ

“Овие бонбони се одлични за смирување на болка во грло, за кашлица или некој проблем поврзан со белите дробови. Сега ќе ви откријам неколку варијанти како да комбинирате и да направите” – вели Мартин Најдовски.

Рецепт:

По главиот рецепт оставен од мојата тетка, бонбоните се прават исклучиво со мачина трева (лат. Nepeta cataria, анг. Catnip, други имиња: коча трева, бабица, мачо биле, котешка трева, катарија, …), но можете да правите и со други билки.

Бомбони од “Мацина трева”:

– 2 кг шеќер
– 2литар вода
– 2 полни раце мачина трева

(Опционално, значи може а не мора, овие работи ги додавам јас бидејќи ефектот на бонбоните се многу посилни, се додава 20 мл тинктура од прополис (за алергичните никако), 20 мл тинктура од плуќниче и 20 мл тинктура од жалфија.)

Ако сакате да правите бонбони со друга билка или да комбинирате тогаш ќе ви дадам варијанти… (прашања поставувајте на страницата Лилма). За бонбони (од само една билка) можете да направите само од жалфија, ментол, мачина трева, бел слез, мајчина душица и др.

Ако сакате да правите комбинации може да се измешаат во сооднос 1:1. Значи, по 1 рака од едната билка и 1 рака од другата, како на пример (жалфија со мачина трева, жалфија со мајчина душица и др..Во тој случај ви е потребна само тинктура од прополис ако веќе сакате, бидејќи истата билка веќе ја има, јас ставам тинктура од жалфија бидејќи исклучиво ги правам од мачина трева).

Во теџере се става 2 литри вода и се загрева. Штом почне да врие се додаваат 2 раце билка (во мојот случај мачина трева, тука конктретно ја користам видот Marrubium peregrinum (вид на мацина трева) и намалувам на средна температура да се вари 10-15 мин.

Потоа поклопувам и оставам на страна да стои 24 часа. По 24 часа, процедувам и ја враќам на шпорет, на средна температура се загрева и уште додека е ладен чајот се додаваат 2 кг шеќер и тинктурите, Не грижете се дека бомбоните ќе имаат вкус на ракија, напротив со вриењето алкохолот испарува а лековитоста се задржува. Се вари 2 до 3 часа (3 најчесто), сè додека да стане како каша, да остане само шеќерот.

Штом почнува да се тегне смесата, а водата да е испарена, се трга и се префрла во една тепсија, претходно намачкана минимално со масло колку да не се залепи смесата. Се префрла смесата во тепсијата и се распределува. Се остава 3-4 мин, се додека минимално да се стврдне, а штом е веќе во таа фаза, со нож се сече колку сакате вашите бомбони да бидат големи и долги.

Потоа се оставаат во тепсијата уште 24 часа добро да се стврднат. Следниот ден се кршат и се вадат. Се префрлаат во тегли и се чуваат на ладно и темно место. Конкретно бонбоните од мачина трева имаат горчлив вкус на почетокот кога ќе почнат да се лижат но се многу добри. Во случај на први симптоми на настинка како болки во грло, пецкање и кашлица, се лижат до 3 бонбони во текот на денот, пред оброците, 30 мин, 3 пати на ден.