Ситните колачи генерално лесно се прават, особено ако се работи за рецепти како што се: кокос топчиња, Колумбо колачиња, „лажни“ Фереро и чоко топчиња. Измешајте ги вашите омилени состојки и направете ги највкусните колачиња. Ќе ја украсат секоја трпеза, а одличен предлог се доколку сакате да се засладите после бадниковата трпеза.




Освен првиот рецепт, останатите три рецепти се посни и може да ги подготвите уште веднаш. Сите колачиња се подготвуваат за 5 минути, а мој совет е да ги оставите малку во фрижидер да се стегнат, па потоа да се послужат. Еве што ви е потребно:




НЕЖНИ КОКОС РОЛНИЧКИ – ПРВ РЕЦЕПТ: 250 г кокос, 380 г кондензирано млеко, 100 г млеко во прав, 1 лажица какао. ПОСТАПКА: Измешајте го кокосот, кондензираното млеко и млекото во прав. Добро соединете и поделете ја смесата на 2 еднакви делови. Во едниот дел додајте какао и убаво измешајте. Двете смеси поделете ги на уште 2 еднакви делови.

ПРВ РЕЦЕПТ




Земете малку од белиот дел и направете правоаголник, а потоа во средината ставете го црниот дел што сте го направиле во форма на валјак. Преклопете со белиот дел и повторно обликувајте го со рацете.

Исечете ги парчињата, така што од средината ќе „ѕирка“ чоколадниот дел. Од втората црно-бела смеса формирајте валјак (подолг или потенок), па испрелетете и повторно обликувајте со со раце. Исечете го валјакот на повеќе колачиња и извалкајте ги сите колачиња во кокос.




КОЛУМБО КОЛАЧИЊА – ВТОР РЕЦЕПТ: 250 г шеќер, 150 мл вода, 150 г маргарин, 5 лажици какао, 200 г бисквити, 300 г кокосово брашно. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: кокос. ПОСТАПКА: Измешајте ги водата и шеќерот, па додајте ги маргаринот и какаото. Гответе во тенџере на рингла, додека состојките да се соединат, па тргнете го од шпорет.

ВТОР РЕЦЕПТ




Во добиената смеса додајте го кокосовото брашно (200 г) и мелените бисквити. Сè убаво измешајте, па добиената смеса префрлете ја во проѕирната фолија што претходно сте ја рашириле на масата. Развлечете на околу 1 cм дебелина, завиткајте во ролат и исечете ги формите, со дебелина по ваша желба.




Круговите се редат во плех обложен со хартија за печење и се ставаат во фрижидер, да се стегнат. Пред послужување наросете ги со кокос. Ако сакате да ги наросувате во бисквит, претходно сомелете неколку бисквити. Овие колачиња се толку лесни, се јадат во еден залак.




ЛАЖНИ ФЕРЕРО – ТРЕТ РЕЦЕПТ: 1 пакување мелена плазма, 1/2 маргарин, 150 г посно чоколадо, 2 лажици путер од кикирики, печени лешници, ореви. ПОСТАПКА: Измешајте ги плазмата и путерот од кикирики, па во смесата додајте го чоколадото кое претходно сте го растопиле со маргаринот.

ТРЕТ РЕЦЕПТ




Сите состојки добро измешајте ги, а ако смесата е густа додајте малку вода, колку да се разреди. Земете ја малку смесата, додајте ги печените лешници (ситно исечкани), па формирајте топчиња кои може да ги обликувате со помош на два помали лажички. Декорирајте одозгора со цели ореви или бадеми.




ЧОКОЛАДНИ ТОПЧИЊА СО НАУТ (ЛЕБЛЕБИЈА) – ЧЕТВРТ РЕЦЕПТ: 200 г варен наут (леблебија), 50 г печени кикирики, 3 супени лажици путер од кикирики, 90 г темно чоколадо + уште малку за декорација, малку арома од ванила, засладувач по вкус.

ЧЕТВРТИ РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА: Соединете го сварениот наут, печените кикирики, путерот од кикирики, 1 лажица шеќер (или друг засладувач) и арома на ванила во блендер. Изблендирајте за да добиете еднолична смеса. Префрлете ја смесата во сад и додајте го стопеното чоколадо. Добро измешајте. Од добиената смеса формирајте топчиња. Се тркалаат во рендано чоколадо и се сервираат.