Користете евтини состојки за да направите јадење кое можете да го послужите за ручек, но и за Бадник. Гравот е една од омилените намирници кој може да се подготви на различни начини и не знаете кој рецепт со него е повкусен, па пробајте ги овие посни ќофтиња.




Сеѐ што треба да направите е да го сварите гравот, да го помешате со уште неколку состојки и да ги обликувате ќофтињата. Доколку немате време да чекате да се свари, можете да го искористите и конзервираниот грав, само процедете го. Во продолжение прочитајте уште еден од најдобрите рецепти за посни ќофтиња. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 500 г грав, 1 перце праз, малку масло, сол, црн пипер по вкус. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 700 г бел грав, 1 главица кромид, 1 главица лук или по вкус, 1 китка магдонос, 1-2 лажици зачинска црвена пиперка, сол, сув зачин по вкус, 4 лажици презла + за валкање на ќофтињата, 5 перца праз, 150 мл масло + 100 мл за запршка и 2-3 лажички алева пиперка (црвен пипер во прав).




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Потопете го гравот во вода и оставете го да отстои 2-3 часа. Потоа истурете ја таа вода, прелијте со нова вода, посолете и варете го гравот неколку часа додека да омекне. Гравот варете го на вообичаен начин. Потоа, процедете го и изблендирајте го. Посолете уште малку, дегустирајте ја смесата и обликувајте топчиња, а како мерка може да користите 1 голема лажица.




Празот ситно се сечка, па се пржи на малку масло, додека да омекне. Зачинете со сол и црн пипер. Во еден обичен плех наредете го празот во тавата, а одозгора се редат ќофтињата. Покријте со алуминиумска фолија и печете на 180 степени, околу 20-тина минути. Од време на време проверувајте ги ќофтињата, не смеат да изгорат.




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Гравот одвечер покиснете го за да набубри. Кромидот излупете го и колку можете поситно исечкајте го и додајте го во гравот. Додајте вода колку да се прекрие гравот, па на тивок оган сварете го за да омекне, за да може да се испасира.

ВТОР РЕЦЕПТ




Празот исечете го ситно на парчиња, па заедно со 150 мл масло (или помалку) пропржете го на тивко да се издинста. Додека празот се динста, испасирајте го гравот (ако има вишок вода, процедете го). Магдоносот ситно исечкајте го и додајте го во пасираниот грав.




Зачинете со полна лажица или две, зачинска црвена пиперка, црн пипер во прав, една плна лажица сув зачин, малку сол по вкус. Лукот ситно исечкајте го или поминете го низ преса, па и него додадете го во смесата од грав. На крај додајте 3-4 полни лажици презла. Промешајте добро да се изедначи, вкусете и додајте зачини по ваш вкус. По потреба додајте презла за да можете да формирате ќофтиња.




Издинстаниот праз распоредете го во тепсија. Дланките и лажицата натопете ги со вода (ставете си чинија со вода покрај вас), па црпете поголема лажица и формирајте топки. Вака формираните топки валкајте ги во чинија со презла и редете ги во тепсијата врз празот.




За запршка: На оган загрејте 100 мл масло, исклучете ја ринглата и додајте го црвениот пипер, па веднаш прелијте го врз ќофтињата (за да не ви загори пиперот). Ќофтињата ставете ги да се запечат во загреана рерна на 200 степени, околу 20-тина минути. Одозгора наросете свеж магдонос. Деталите од целата постапка за вториот рецепт можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.