3 литри ДЕТОКС напиток од ѓумбир, ананас и портокал за прочистување. Ѓумбирот малку по малку го доби своето место и во модерната фитотерапија првенствено како билка за лекување на желудникот, бидејќи одлично спасува од мачнини и воспалителни состојби на дигестивниот систем.




Традиционално, ајувердската фитотерапија го користи ѓумбирот против воспалителни состојби на зглобовите, артритис, дигестивни пречки и опстипација, слаба циркулација, мигренa, менструални тегоби и срцеви заболувања.




Според Aјурведата тоа е билка која загрева, го јакне имунитетот, делува антивирусно, антивоспалително и ја подига енергијата на целото тело. Се споменува и како афридизијак, поради сите овие негови својства. Ѓумбирот е богат со етерични масла кои му ја даваат онаа фина лута, лимонова арома, а неговата активна состојка е гингеролот.




Може да се користи како зачин, додаток на јадењата (пробајте да изрендате мало парче ѓумбир во пилешка супа додека се готви), од него се приготвува убав чај, одличен додаток во природната козметика како моќен антиоксидант.




Ананасот изобилува со витамин Ц и манган (неопходен за синтеза на колаген), а неговата тајна состојка е бромелаин, протеолитички ензим кој помага во разградбата на протеините и делува противвоспалително. Токму поради овој ензим ананасот стана толку популарен, особено како “овошјето од кое се слабее”.




Сокот од свеж ананас се користи како маринада за тврдо и жилаво месо, со истата логика, односно за побрзо разградување на протеините. Потребни состојки: 1 поголемо парче корен од ѓумбир, околу 200 г, 1 ананас, 3 – 4 портокали, 1 лимон, 3 – 4 лажици мед, 3 литри вода.




Постапка: Ѓумбирот добро измијте го и исечкајте го на ливчиња / тенки парчиња. Ставете го во блендер и прелијте го со половина литар вода и избендирајте го додека целосно да се сомеле. Процедете го низ цедалка. Постапката повторете ја уште двапати со остатокот од ѓумбирот што ви останал од цедењето.




Ананасот убаво излупете го, извадете ја срцевината, исечете го на коцки и ставете го во блендер со преостанатата вода и медот. Изблендирајте и додајте го сокот од ѓумбир.




Можете и ова да го процедите доколку сакате, но не мора. Во овој сок додајте уште исцеден сок од портокал и лимон. Евентуално може да го коригирате вкусот со додавање на уште малку мед. Сокот се чува во фрижидер, а се пие на гладно, малку отстојан на собна температура, да не е директно студено од фрижидер.




II РЕЦЕПТ. Потребни состојки: 300 мл млака вода, 1 лажичка цимет во прав (по можност цејлонски), 1 – 2 прстофат чили, 1 лажичка мед (багремов или боров).

Постапка: Во млака вода додајте еден исцеден лимон, мед, цимет и чили. Промешајте и испијте. Ова е количина за еден ден. Се пие на гладно, најдобро наутро. Овој детокс би требало да се применува 7 – 14 дена свежо риготвен за да може циметот да ги извлече ток-сините од телото и да го ревитализира организмот.




НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.

Изјава за одрекување од одговорност:

Оваа содржина, вклучувајќи ги и советите, дава само генерички информации за здравствените придобивки на одредени природни производи. Ова во никој случај не е замена за квалификувано медицинско мислење. Секогаш консултирајте се со специјалист или со вашиот матичен лекар за повеќе информации. NMD.mk не презема никаква одговорност за овие информации.