Италијанците се вон себе и д раматично к убат коса кога ќе видат како некој ги крши шпагетите. Ова за нив е непростливо. Неодамна се појави видео во кое вереничката готви шпагети, а вереникот кој е Италијанец „се држи за глава“ во неверување од нејзината постапка.




Италијанците се мајстори кога станува збор за подготовка на тестенини и тие често непријатно се изненадени од начинот на подготовка на тестенините во другите земји. Некои ставаат масло во водата во која се готват, некои после варењето, тестенините ги мијат со ладна вода…а сите овие работи се погрешни ако ги прашате Италијанците.




Корисничката на „ТикТок“, Сара, ја објави реакцијата на нејзиниот свршеник Карл, инаку Италијанец, додека таа варела шпагети. Таа прво го прашува дали одредена количина е доволна за нив двајцата, а кога ќе добие потврден одговор, таа ги крши шпагетите на половина и ги става во тенџерето, а Карло не може да си поверува на очите!




“Сара, дали си л уда? Сега морам да ги јадам овие пос рани тестенини – толку се кратки!”, Вели вознемирениот Италијанец, а на неа сè уште не и јасно каде погрешила.




„Овие не се шпагети, љубов моја, ама ајде! Ги скрши! Знаеш дека ова е илегално во Италија!”, И рече Карло, сè уште изненаден.

Видеото е прегледано повеќе од 60 милиони пати, а како што се очекуваше, коментарите се контрадикторни, иако се чини дека повеќето сепак се на страната на Карл.




„П редавство“, „Тој звук, тоа е звук на неговото срце што п ука, а не на шпагетите“, се некои од коментарите. Дали е навистина погрешно да се кршат шпагетите за да се направат помали? Така мисли Каролина Гарофани, италијанска готвачка.




„Причината зошто не треба да ги кршите шпагетите е затоа што додека ги јадете треба да ги завиткувате околу виљушка. Треба да ја јадете таква, долга.

Ја вртите виљушката и шпагетите треба да бидат доволно долги за да се залепат едни до други и да се намастат и така да не паѓаат од виљушката и сосот не истекува од нив“. Дали и вие ги кршите шпагетите или ги варите долги?




КАКО СЕ ВАРАТ ПРАВИЛНО ШПАГЕТИТЕ

Дали сакате на најдрагите да им послужите совршено сварени шпагети со прекрасен вкус? Еве неколку совети со чија помош шпагетите ќе ги сварите на најдобриот можен начин.




Во поголем сад зовријте вода која претходно сте ја посолиле, бидејќи кога тестенините се готват во солена вода тие имаат подобар вкус. Додајте ги шпагетите и гответе ги со постојано мешање за да спречите лепење на дното од садот.




Не додавајте масло во водата бидејќи тоа ќе влијае на слабо впивање на сосот во сварените шпагети. Шпагетите варете ги онолку долго колку што е назначено во упатството на амбалажата.




Процедете ги, но не ги плакнете со вода, бидејќи на тој начин ќе го исплакнете скробот кој е потребен за да се апсорбира вкусот на сосот за шпагети.