Слабите луѓе ја кријат оваа тајна: Ова го јадат секој ден за да имаат витка линија

Многу од луѓето кои ги сретнуваме секојдневно и им се воодушевуваме на нивната витка линија, всушност, генетски не се предиспонирани да бидат слаби. Туку, тие успеале во својот живот да вметнат намирници кои им помагаат да ја одржуваат тежината.

Мислите дека слабите жени опсесивно ги бројат калориите за да бидат слаби? Немојте да бидете наивни, сите ние уживаме во храната. Поентата е да јадете онаа храна која придонесува за рамнотежа во организмот и од која практично не можеш да се здебелиш.

Кои се тие намирници?

КРУШИ

БАДЕМИ

ЗЕЛЕН ЧАЈ

МЕД

ЦИМЕТ

ЈАЈЦА

ЛОСОС

Крушите се идеално овошје кое е здраво, а притоа најадува, односно ве држи сити, а истовремено со ниско ниво на калории.

Бадемите се јатки богати со протеини, а истовремено богати и со витамини и минерали. Познат е фактот дека една рака бадеми може да биде замена за еден оброк, односно идеална ужина. Сепак, само една рака! Сè повеќе, ќе значи и зголемен внес на калории.

Зелениот чај може да спречи многу заболувања, а притоа го забрзува метаболизмот и ги согорува маснотиите.

Медот, циметот, па и лутите пиперчиња се одличен тригер за согорувањето на маснотиите, но и за подигнување на имунитетот. Овие намирници се огромна помош за согорување на маснотиите.

Две варени јајца ќе бидат одлична замена за секојдневното конзумирање житарки за појадок, а лососот е една од најбогатите риби со омега масни киселини, секако, да е природно заловен, а не товен. Одлична замена за лососот е скушата!

Значи, поентата е секојдневно да конзумирате по минимум еден оброк од посочените намирници или нивна алтернативна замена. Дополнително, ако си воведете и режим за физичка активност, минимум 2 до 3 пати неделно, успехот е загарантиран.

Претходна статија1 месец 20кг помалку – диетата на lovebrunomars96
Следна статијаЗаштитете се од негативни луѓе