1 чаша урда и 1 јајце! Цела планина вкусни колачи за 5 минути готови!

Една чаша урда и 1 јајце! Цела планина вкусни колачи за 5 минути готови! Смесата се приготвува за 5 минути, а колачите се печат за 20 минути. Така, за вкупно половина час ќе добиете еден рид вкусни колачи. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г несолена урда
1 јајце
70 г шеќер
60 масло
220 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
1 прстофат сол

За валање на колачите:
50 г шеќер
1 лажичка цимет
Печете 20 минути на 180 степени

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад соединете урда, јајце, шеќер, прстофат сол и масло со помош на пасирка за пире, виљушка или рачен блендер.

Потоа додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво. Замесете меко тесто кое не се рони, туку е компактно и лесно се обликува под рака.

За да ви бидат еднакви колачите со иста големина, тестото прво поделете го на 2 дела, а потоа секој дел на 6, за вкупно 12 колачи.

Обликувајте ги во топчиња а потоа валајте ги во мешавина од шеќер и цимет и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Печете ги 20 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.

На здравје сладење! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

Претходна статијаЗЛАТНО МАСЛО ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ: Со него ќе избришете 10 години, а шминката ќе ви биде само декорација…
Следна статија95-годишник го јаде ОВА секој ден…Црниот дроб и цревата му работат како на тинејџер!