Ќофтиња од тиквички и ориз: Брз и вкусен рецепт за 10 минути
Искористете ја сезоната на тиквички и подгответе едноставно, а неверојатно вкусно јадење што ќе ја освои вашата трпеза.
Овие ќофтиња од тиквички и ориз се приготвуваат брзо, со состојки што најверојатно веќе ги имате дома.
Прилагодете ги зачините по ваш вкус и уживајте во крцкавите ќофтиња со кремаст прилог, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 150-160 г ориз
– Сол, по потреба
– 2 тиквички
– 1 главица кромид
– 1 јајце
– Црн пипер во прав, по вкус
– Црвен пипер во прав, по вкус
– 2 лажици (20 г) брашно
– За прилог: кисела павлака, лук, зачински билки (копар или магдонос), по желба
– НМД
Постапката опишана во детали преку фотографии и видео прилог можете да ја погледнете ОВДЕ:
САМО ОРИЗ И ТИКВИЧКИ: За 10 минути преубаво јадење
1. Доколку немате варен ориз, измијте го оризот и сварете го во вода со малку сол според упатството на пакувањето. Откако ќе се свари, оставете го да се излади.
2. Исчистете ги тиквичките и изрендајте ги на крупно ренде. Истискајте ги со раце за да го отстраните вишокот течност. Кромидот исчистете го и ситно исечкајте го.
3. Во подлабок сад, измешајте го варениот ориз, ренданите тиквички, сечканиот кромид и јајцето. Додајте сол, црн и црвен пипер по вкус, како и брашното. Мешајте додека смесата не стане хомогена.
4. Загрејте масло во тава на средна температура. Со лажица земајте од смесата и формирајте ќофтиња, па внимателно спуштајте ги во загреаното масло. Пржете ги додека не заруменат од едната страна, а потоа превртете ги и пржете ја и другата страна.
5. Готовите ќофтиња извадете ги на чинија обложена со хартиена салветка за да се впие вишокот масло.
6. Послужете ги топли со прилог од кисела павлака, во која сте додале ситно сечкан лук и зачински билки по желба, како копар или магдонос.
Уживајте во ова брзо и вкусно јадење, совршено за секоја прилика!