Искористете ја сезоната на тиквичките и пригответе ги овие превкусни ќофтиња. Двете главни состојки се тиквичките и оризот, а останатите состојки сигурно веќе ги имате во вашата кујна. Зачините можете да ги прилагодите според вашиот вкус. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150-160 г ориз, сол по потреба, 2 тиквички, 1 главица кромид, 1 јајце, црн и црвен пипер во прав, 2 лажици брашно (20 г). Прилог: кисела павлака со лук и зачински билки по желба

ПОСТАПКА: Ако ви останал варен ориз од претходно јадење, ова е одличен начин да го искористите. Ако сакате специјално да ги приготвите овие превкусни ќофтиња, тогаш оризот прво измијте го, па сварете го во вода со малку сол.

За тоа време исчистете ги тиквичките и изрендајте ги. Кромидот исто така исчистете го па исечкјате го поситно. Варениот ориз сипете го во подлабок сад и додајте едно јајце, сечканиот кромид и ренданите тиквички истискани низ раце за да се отстрани вишокот сок.

Додајте ги зачините и брашното, па промешајте за рамномерно да се распоредат. Црпете со намастена лажица и спуштајте во умерено загреано масло. Кога ќе зарумени од едната страна, дури тогаш превртете го и на другата.

Готовите ќофтиња вадете ги врз чинија со хартиена салветка и послужете ги со сос по желба или кисела павлака во која сте додале ситно сечкано лукче, копар или магдонос и зачини по желба. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ФАНТАСТИЧНИ ЌОФТИЊА ОД ТИКВИЧКИ: Однадвор крцкави, однатре сочни, а повкусни од месо“ – ОВДЕ.

ФАНТАСТИЧНИ ЌОФТИЊА ОД ТИКВИЧКИ: Однадвор крцкави, однатре сочни, а повкусни од месо