Home архива Ќофтиња КИНЕЗЕРИ кои се удвојуваат како со магија…Од 500 грама добивате 1...

Ќофтиња КИНЕЗЕРИ кои се удвојуваат како со магија…Од 500 грама добивате 1 кг вкусно јадење…

Ќофтиња КИНЕЗЕРИ кои се удвојуваат како со магија…Од 500 грама добивате 1 кг вкусно јадење…

Овие сочни и вкусни ќофтиња се вистинска магија во кујната – од 500 грама мелено месо добивате 1 килограм неодоливи топчиња!

Рецептот е едноставен, а резултатот толку добар што ќе сакате да го повторите во двојна доза, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 500 г мелено месо
– 4 јајца
– 50 мл сончогледово масло (за смесата)
– 250 г брашно
– 1 кесичка прашок за печиво (10 г)
– 50 г лебни трошки (презла)
– 280 мл вода
– Сол, мелен црн пипер и сув зеленчуков зачин (вегета) по вкус
– Масло за пржење
– НМД

ПОСТАПКАТА опишана во детали со фотографии можете да ја прочитате ОВДЕ:

КИНЕЗЕРИ: Многу вкусно јадење, од 500 грама мелено месо ќе добиете 1 кг ќофтиња

Во сад измешајте го меленото месо со јајцата, па додајте 50 мл масло и месете додека смесата не се изедначи.

Постепено додавајте го брашното измешано со прашок за печиво, потоа лебните трошки и на крај водата, мешајќи со рака до густа, хомогена смеса. Зачинете по вкус.

Покријте ја смесата и оставете ја во фрижидер неколку часа (најдобро преку ноќ) за да се згусне и вкусовите да се соединат.

Загрејте масло во тава (2 см длабочина). Со натопено лажиче формирајте мали топчиња, пржете ги до златно-кафеава боја и вадете ги на хартиена салфетка.

Уживајте во овие меки и вкусни ќофтиња што исчезнуваат за час! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: