Следи мудриот цитат на Б.Шо: „Неодамна се фатив како размислувам за тоа како некои жени се запознаваат само со оженети мажи. Не можам да поднесам такво нешто. И не е дека морализирам, туку едноставно не разбирам зошто „крадат“ туѓи мажи кога наоколу има еден куп слободни.

Баш ме интересира како настануваат таквите врски. Како е можно некој што има жена, семејство, деца да се откаже туку така? Некои велат дека си постојат причини и за тие работи, но јас сè уште не можам да разберам. Еден пријател сподели цитат со мене што ќе го споделам со вас.

Гласи вака: „Зошто на некои жени секогаш им се потребни туѓи сопрузи? И зошто крадците на коњи секогаш претпочитаат истрениран коњ отколку див? – овие зборови ги кажа Бернард Шо, ирски нобеловец. Објаснувањето на сè се крие во неговите зборови.

Зошто би барале некој нов, би го учеле на навики за заеднички живот, кога можете да си земете некој кој веќе знае сè за тоа (некоја веќе го „истренирала“)?

Слободните мажи без искуство не се многу пожелни, често не остануваат во врска и не сакаат да преземат одговорност за партнерката. Тие едноставно се навикнати да бидат слободни. Тоа не значи дека се неосвоиви, но секако тешко се задржуваат. Кај оженетите работите се поинакви.

Знае дека после работа треба веднаш да си оди дома, да ја праша сопругата дали треба да купи некоја намирница. Тој е семеен човек, се грижи за себе, мирен е, посветен на семејството, често е богат, но контролирано ги троши парите. За него врската не значи крај на слободата.

Затоа е привлечен за слободните жени. Дополнително, имам слушнато дека некои девојки претпочитаат да избираат исклучиво женети мажи, не затоа што сакаат да го преземат од жена му, туку едноставно затоа што сакаат што е можно помалку грижи во животот и што е можно поголема удобност.

Со оженет маж, токму тоа го добиваат. Сепак, мора да знаете дека не се работи за здрава врска, туку за нешто сосема неприродно.