Писмово и го посветувам на една моја блиска пријателка која минува низ тежок период зашто ја остави мажот:

„Болно е кога ќе ја изгубиме личноста која ја сметавме за наш партнер за цел живот, некој кој не се ни трудел да остане покрај нас.

Во нашиот живот ќе има многу луѓе кои ќе извршат огромно влијание врз нас. Сепак, некои луѓе едноставно не ни припаѓаат, без разлика колку и да сакаме да биде поинаку. Некои врски треба да се прекинат пред клучниот момент, дури и ако ни е тешко да замислиме дека не сме заедно.

Некои луѓе едноставно не ги сфаќаат можностите што им се нудат. Но, тоа не е наша вина, тоа е нешто надвор од наша контрола и не треба да се лутиме на себеси затоа што во овој момент не сме во состојба тоа да го согледаме со јасен разум.

Секој маж кој нè напуштил и излегол од нашиот живот, всушност пропуштил можност да ужива во нашето друштво. Неговото одложување покажува дека заслужуваме нешто подобро.

Нашата самодоверба не треба да се разниша бидејќи некој маж е премногу мрзлив да вложи малку труд. Ако некој си замине од нашиот живот како никогаш да не сме биле заедно, треба да разбереме дека тој никогаш вистински не нè сакал.

Ако мажот не се труди да најде време да нè види, не треба да се задржуваме на него. Имаме толку многу да понудиме на овој свет и заслужуваме да бидеме со некој што го цени тоа. Заслужуваме некој кој со задоволство ќе гради спомени со нас.

Заслужуваме некој кој ќе нè погледне и ќе знае дека пред него стои најубавата жена на светот. Затоа, да престанеме да трошиме време на луѓе кои се подготвени да заминат од нас како да не сме постоеле во нивниот живот. Да престанеме да ја трошиме нашата сила и енергија на некој кој тврди дека заслужува подобро – НИЕ заслужуваме подобро!“