Зошто е важно правилно да се дигестира храната и како тоа да се постигне

loading...

Здравата исхрана до пред десеттина години беше своевиден предизвик, а за новиот тренд слушавме на телевизија, читавме на интернет и дознававме од разни прилози по весниците.

Интересот на нашиот народ за правилен начин на исхрана, придонесе инвентивните компании да почнат да размислуваат за увоз, производство и пакување на малку поинакви намирници од конвенционалните, оние кои беа означени како здрави.

Па така, научивме за Чиа семе, реиши печурки, Хунза масло, лен, коноп, хељда, булгур… На секој чекор започнаа да се отвораат продавници за здрава храна, во кои можеше да се набават сите овие производи.

loading...

Па потоа дојдоа на ред безглутенски производи. Велиме „дојдоа на ред“ бидејќи кај нас како да се случуваат трендови во практикување на здрава исхрана.

Сета таа еуфорија, последниве година-две како да спласна. Но, за среќа, државата помисли на едукација на населението и го отвори Факултетот за нутриционизам во Велес, кој произведува високо стручни кадри, дипломирани нутриционисти, чии совети за правилно употребување на намирниците се повеќе од неопходни.

Наш денешен соговорник е Анета Николовска, една од најекспонираните нутриционисти кај нас.

Доктори: Анета, многупати сме разговарале за трендовите во исхраната, што е правилно, а што не, но денес сакаме да ни разјасните какво е влијанието на пробиотските култури во правилното варење на храната. Што се всушност пробиотици и какво влијание имаат врз здравјето?

Анета Николовска: Неспорно е дека сите живееме со едно исклучително динамично темпо на живот кое нè одвлекува од можностите за посветување внимание на здрави навики.

Нашата цревна флора е сè повеќе ранлива на денешниот животен стил, влијанието на стресот, зголемениот внес на храна богата со шеќери, производи од рафинирани брашна, високо процесирана храна, загаденост, пестициди, хербициди и други хемиски средства со кои се третира храната, антибиотска терапија итн.

Сите овие фактори ја нарушуваат цревната флора, односно придонесувват за развој на патогени/штетни микроорганизми.

Одржување на оптимален сооднос на бактерии во нашата цревна флора е од суштинско значење за добро здравје.

Внесот на храна богата со пробиотски бактерии и тоа како може да го регулира овој дисбаланс.

Пробиотиците претставуваат терапевтски бактериски култури на млечната киселина.

Тие се од круцијално значење за нашето здравје. Пробиотиците (т.н. добри бактерии) помагаат во воспоставување на рамнотежа,односно баланс помеѓу „добрите” и „лошите” бактерии во цревата.

Тие произведуваат инхибиторни материи со бактериостатско и бактерицидно дејство (ја стопираат продукцијата на патогени/штетни бактерии), го спречуваат нивниот развој, го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Тие имаат суштинска улога за оптимална дигестија на храната и апсорпцијата на хранливите материи, го помагаат нашиот организам да синтетизира витамини, апсорбира минерали и исто така ја помагаат елиминацијата на токсичните материи и се одговорни за добар дел од имунолошкиот систем и менталното здравје.

Доктори: Зошто е важно да се зема пробиотик при терапија со антибиотик и мора ли пробиотикот да биде во вид на суплемент? Како да ги внесеме пробиотиците преку храна?

Анета Николовска: При антибиотска терапија се нарушува рамнотежата помеѓу „добрите“ и „лошите” бактерии во цревата. Антибиотиците, за жал, ги уништуваат и добрите бактерии кои всушност се колатерална штета.

Научните студии покажале дека е полезно земањето на пробиотици за време на терапија со антибиотик со цел повторно да се воспостави балансот во цревата и дигестивниот тракт да може нормално да ја извршува својата функција.

Со земање на пробиотици за време на терапија со антибиотик докажано е дека се намалуваат непосакуваните ефекти, вклучувајќи ја и дијареата.

Секако, како нутриционист моја препорака е консумирање храна богата со пробиотски култури,особено консумирање на ферментирани млечни производи, како што се јогуртот и киселото млеко.

Кога говориме за такви производи, би сакала да го издвојам пробиотскиот јогурт Balans+ кој се докажа како здрава намирница со додаток на пробиотски култури кои го зајакнуваат имунитетот и севкупнатаотпорност на организмот.

Balans+ е функционален и хранлив производ кој поволно дејствува на дигестивниот тракт, го поттикнува варењето и го забрзува метаболизмот.

Комбинациите на состојки од пробиотик и инулин (пребиотик) кои се содржат во пробиотскиот јогурт Balans+ имаат повеќекратно позитиво дејство врз нашиот организам.

Доктори: Кога сме веќе кај Balans+ јогуртот, постојат сознанија дека ваквите напитоци, исто така, можат да помогнат и во превенција од остеопороза. На што се должи ова?

Анета Николовска: Постојат научни истражувања во кои е покажано дека со секојдневно консумирање на јогурт во комбинација со витамин Д се намалува ризикот од појава на остеопенија и остеопороза кај жените за повеќе од 30%, а кај мажите за околу 50%.

Како што напоменав претходно, јогуртот Balans+ е функционален и хранлив производ со повеќекратно позитивно дејство врз нашиот организам.

Само една чаша Balans+ претставува значаен извор на калциум, фосфор, калиум, цинк и други нутритиенти особено важни за јакнење на коските, поради што претставува одличен сојузник во борбата со остеопорозата.

Доктори: Многупати кога нутриционистите препорачуваат специфична исхрана, во неа вклучуваат јогурт. Дали јогуртот може да помогне при слабеење?

Анета Николовска: Јогуртот како и другите ферментирани млечни производи, токму поради пробиотските култури, се најчесто застапени во диетотерапевтските и диетопревентивните исхрани.

Кога станува збор за намалување на телесната тежина, јогуртот претставува идеална намирница затоа што тој е ниско калоричен, лесно варлив и го забрзува метаболизмот.

Докажано е дека исхрана со намален внес на калциум доведува до побрзо дебелеење поради тоа што масните клетки стануваат поголеми и помасни.

Поради високото количество на калциум кој ја редуцира работата на масните клетки, јогуртот одлично го потпомага намалувањето на телесната тежина, односно топењето на масти, притоа задржувајќи ја мускулната маса, што е од особена важност за нашиот организам.

Доктори: Сѐ почесто слушаме дека луѓето имаат проблем со подуен стомак, односно создавање на премногу гасови, лошо варење на храната, проблем со перисталтика и нередовно празнење на цревата. На што се должи сето тоа и што би можело да се преземе за да се одбегнат ваквите проблеми?

Анета Николовска: Иако причините за ваквите состојби може да бидат различни, сепак, редовен внес на ферментирани млечни производи збогатени со пробиотски култури може мошне успешно да придонесат за намалување, па дури и целосно елиминирање на ваквите состојби.

Пробиотските бактерии во овие производи произведуваат ензими кои ги разградуваат несварените материи и ги омекнуваат и најцврстите блокади во цревата, овозможувајќи редовно празнење и елиминација на токсините од организмот.

Исто така,произведуваат масни киселини со кратки ланци, кои го потпомагаат регулирањето на столицата на повеќе начини.

Прво, има подмачкувачки (лубрикантски) ефект,олеснувајќи го движењето на столицата низ цревата, делува како гориво за ѕидот на клетките на цревата кои ја стимулираат перисталтиката (мускулната контракција која ја турка храната низ цревата), овозможува регенерација и раст на епителните клетки на цревниот зид.

На овој начин, со консумирање јогурт и други ферментирани млечни производи се олеснува варењето на храната, се олеснуваат тегобите при стомачна надуеност, се подобрува перисталтиката и придонесува за редовно празнење спречувајќи појава на опстипација.

Разговорот го водеше: Петар Попоски

loading...