Зошто децата родени во декември се посебни

Декември е месец во кој се раѓаат најмалку бебиња, па затоа, од самиот почеток за нив се смета дека се посебни.

Ако декември ви е посебно среќен месец, бидејќи вашето дете се родило во овој период од годината, тогаш би требало да знаете и од кои причини тоа е посебно.

Ова се 6 факти за бебињата родени во декемрви, потврдени од научници.

1.Помалку деца во овој период од годината

Loading...

Ова е месец кога статистички се раѓаат најмалку деца. Иако можеби роденденот на детето ќе се поклопи со некој празник, тоа сепак значи дека вашето дете ќе го слави во најволшебниот месец од годината кога сите луѓе се среќни и радосни.

2.Рано се будат и одат на спиење

Истражувањата на италијанските и шпански студенти открило дека лицата кои се родени во декември се утрински типови, за разлика од оние кои се родени летно време. Други студии пак, покажале дека децата родени во зимските месеци одат рано на спиење.

3.Голема е веројатноста дека машките деца ќе бидат левораки

Психолозите од Универзитетот во Виена откриле дека машките родени од декември до фебруари имаат поголема шанса да бидат левораки. Истражувачите сè уште се прашуваат зошто е тоа така.

4.Долговечност

Секој родител сака неговото дете долго да живее, а децата родени во декември имаат поголеми шанси за долговечност. Во списанието Journal of Aging Research е објавена германска студија која вели дека овие деца имаат “значително поголема веројатност да живеет до 105 години, во споредба со бебињата родени во јуни”.

5.Смирени и стабилни

Истражувањето од Европскиот колеџ за невропсихофармакологија ги проучувало карактерите на 366 студенти. Било откриено дека оние родените летно време се раздразливи, непредвидливи и импулсивни, додека децата родени во зима се многу постабилни. Конкретно, родените во декември помалку пцујат.

6.Родени спортисти

Децата родени во овој период од годината се природно талентирани спортисти, според истражувањето објавено во списанието The International Journal of Sports Medicine. Ова е истражувано поради фактот дека во текот на бременоста биле повеќе изложени на витаминот Д.

Loading...