ЗЛАТНИОТ РЕЦЕПТ НА ДЕДО МИ ЗА БОЛНИ ЗГЛОБОВИ: Со сланина и ракија се исправа куцањето

Како што ви е познато, постарите луѓе ретко се потпираат на новите, модерни лекови, бидејќи повеќе им веруваат на своите стари, природни и проверени рецепти. Така на пример, дедо ми користеше еден негов, златен рецепт за б олки во зглобови и коски, за кој тврдеше дека со него може да се исправи и куцањето во нозете.




СТАР ТРИК ЗА ЛЕКУВАЊЕ РЕВМАТИЗАМ: Се состои од две состојки, од сосема различна природа, но во комбинација делуваат изненадувачки ефикасно. Оваа идеја на дедо ми навистина вреди да ја пробате, затоа што кај многумина се покажала како многу ефикасна.




Основата на овој лек е сланината, која иако многумина би ја испржиле и би ја изеле за појадок со јајца, сепак во овој рецепт се употребува на сосем поинаков начин. Во комбинација со домашната ракија станува непроценлив помошник во ублажување на б олките на зглобовите.




Во оригиналниот рецепт кој потекнува од Словачка, тамошните луѓе користат билна тинктура „Алпа“, но исто така овој лек е доста ефикасен и ако се приготви со обична, домашна, силна ракија, па дури и со вотка. Самата сланина има докажано лековито дејство при б олки во грлото или бронхијални заболувања ако само го поставите на б олните места.




Меѓутоа, дејството на сланината многукратно се зголемува кога ќе се натопи во ракија. Тогаш се претвора во многу ефикасна облога за секаков вид проблеми со зглобовите, отоци, ревма, мускули и слично.




Сè што треба да направите е да земете не многу тенко исечени ленти сланина, но сепак да не се и предебели, со должина и големина која ќе одговара на местото кое сакате да го третирате. Лентите сланина оставете ги во сад и прелијте ги со ракија, а потоа добро затворете со капак или проѕирна фолија, така да не може ракијата да испарува.




Вака приготвената сланина оставете ја преку цела ноќ да кисена во ракијата. Следниот ден се нанесува на б олното место како облога, а потоа се фиксира со фолија и компресивен завој, па се остава да делува.




НА КОИ НАЧИНИ МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТИ ОВАА ОБЛОГА? Сланината освен во ракија, исто така може да се натопува и во оцет. Доколку имате каква било алергиска реакција од ракијата или оцетот, тогаш користете само свежа сланина врз кожата. Таа самата по себе е многу лековита.




СЛАНИНА КАКО ОБЛОГА ЗА КОЛЕНА. Обложете го коленото со сланина (претходно натопено во ракија или во јаболков оцет), фиксирајте со фолија и завој и оставете да делува колку можете подолго. Најдобро е постапката да се применува секојдневно во текот на една седмица.




Ублажување на тегобите се чувствува веднаш, и по првата апликација, но добро е да се продолжи со терапијатра. Сланината не само што има долични терморегулаторни својства, туку кога ќе дојде во контакт со кожата, почнува да испушта лековити материи.




Кожата преку порите ги апсорбира маслата и лековитите материи кои ги ублажуваат воспаленијата, ги зајакнуваат зглобовите и делуваат аналгетски, како природен лек против болки. Покрај сланината може да ставате и маст. Ова е рецептот на дедо ми за кој велеше дека е златен. Се надевам дека некому ќе користи. За читателите на НМД.мк, бидете здрави!

Претходна статијаКРЕМАСТИ ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ: Брз, лесен, неодолив колач, се топи во уста
Следна статијаБЕЛ АЈВАР – МАЛИЏАНО-традиционален македонски намаз без пастеризација со феноменален вкус