ЗИМСКИ ДЕСЕРТ ЗА 1 МИНУТА: без брашно, јајца и млеко, ќе го правите постојано од што е вкусно. Рецепт на Корисно и Брзо. „Овие ролати кои не се печат, а се подготвуваат многу едноставно, со сигурност можам да кажам дека ни се омилени дома.”

Во последно време ги правам на различни начини, а многу од читателите на НМД.мк ги бараат нивните различни вкусови. Буквално може да се прават од секакви состојки, да мешате комбинации, да додавате чоколадо, јаткасти плодови, а сепак на крајот резултатот е совршен со неодолив вкус.

За да го подготвите овој брз ролат ќе ви бидат потребни следниве состојки: 250 г бисквити, 100 г путер/маргарин, 150 г чоколадо за готвење, 50 г шеќер, 2 големи лажици какао, 1 голема лажица инстант кафе (може да користити нескафе).

Постапка: Во подлабок сад искршете ги бисквитите со раце на ситни парчиња. Потоа во помало тенџерче на рингла ставете го чоколадото искршено на коцки заедно со путерот/маргаринот и вклучете ја ринглата на средна температура.

Со повремено промешување почекајте состојките да се растопат и да се соединат. Кога ќе добиете чоколаден прелив тргнете го тенџерето од рингла. Потоа во него додајте го шеќерот и добро промешајте додека се растопи во топлиот чоколаден прелив.

Додајте го какаото и повторно промешајте. Во мала чашка ставете лажица инстант кафе (нескафе) и додајте ептен малку вода, отприлика со дебелина околу 1 прст.

Малку промешајте и вака подготвеното кафе додајте го во растопеното чоколадо и соединете ги сите состојки. Вака подготвениот прелив прелијте го врз чинијата со скршени бисквити.

Со помош на шпатула добро промешајте за сите бисквити да го впијат чоколадниот прелив и да се направи како смеса од полуомекнати парчиња бисквити прелиени со чоколадо. Не оставајте да падне течност на дното од чинијата.

Вака подготвената смеса префрлете ја врз хартија за печење во хоризонтален ред. Завиткајте кора како да правите ролат и подеднакво распоредете од смесата. Вие одлучувате со колкава дебелина и должина ќе го правите ролатот.

Јас тоа го направив отприлика со средни димензии (може да погледнете на видеото). Добро стегнете го ролатот во хартијата и добро завиткајте ги краевите. Ставете да се стврдне најмалку 2 часа во фрижидер.

По изминатото време, ролатот одвиткајте го од хартијата и ставете го на рамна чинија. По желба, целиот ролат наросете го со шеќер во прав, а потоа послужете со сечење на средни кругови. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.