Животот во Титова СФРЈ: Кога работникот беше господин…

Историјата говори дека работниците никогаш во пракса (барем во времето на социјалистичките земји) не биле воздигнати на таков пиедестал на кој биле во Југославија.

Тогаш никој не познавал нацоналност, материјалниот статус не бил важен, а луѓето се ценеле според карактерот.

Не било реткост некој од работничка класа да стане директор на некоја работна организација. Вработените добивале бонови за топол оброк, па се хранеле во мензи и ресторани. Во СФРЈ се сметало дека е сосем нормално на вработените да им биде платен топлиот оброк.

Работното време било од 7 до 15 часот со пауза која обично се минувала во споменатите мензи и ресторани. Саботите и неделите биле неработни освен за оние работни организации кај кои природата на работата побарувала да се работи и во деновите за викенд.

А за годишни одмори, тука главно постоеле работнички одморалишта во кои повторно се одело преку синдикатот. Можело да се плаќа на рати во текот на годината, па така тој семеен годишен одмор бил сосем нормална работа и ретки биле оние кои не оделе во таквите одморалишта.

Платите главно биле исплаќани готовински во самото претпријатие. Парите се ставале во плик на кој биле наведени основните генералии на вработениот и останатите податоци поврзани со пресметката на плата. Без поголеми проблеми се можело да се користат неплатени отсуства, боледувања, а систематските лекарски прегледи биле задолжителни и спроведувани во сите претпријатија.

Кога ќе се случел смртен случај, работникот имал право на бесплатен погреб. Доколку смртта се случила во текот на работниот век, а не за време на пензија, во истата работна организација веднаш се вработувал некој од членовите на најблиското семејство, за да му се овозможи на семејството непрекинат паричен приход.

Loading...