ЖЕНА ОТКРИ ГЕНИЈАЛЕН МЕТОД: Избелете ги патиките до перфекција и тоа без перење, потребна ви е 1 состојка

Австралијанката Каролина Меколи е своевиден експерт за домаќинство, па таа од неодамна започна своето искуство да го споделува на социјалните мрежи. Каролина редовно открива бројни корисни совети и трикови за чистењето, готвењето и воопшто за средувањето на домот.




Неодамна откри еден совет за чистење на белите патики кој многунина го испробаа и ги воодушеви. Имено, Каролина откри како валканите бели патики да ги исчистите без голема мaка и да ги направите да изгледаат буквално како нови.




Сè што ви е потребно веројатно веќе го имате дома, а тоа се обична паста за заби и стара четка за заби. Истиснете малку паста на четкичката и добро истријте ги патиките во целина, а потоа поминете со влажна крпа за да го отстраните вишокот паста.




Секако, овој трик е наменет за делот од патиките кој е направен од гума, додека платнениот дел можете да го исчистите со мешавина од паста за заби и сода бикарбона. Направете густа смеса од паста и сода бикарбона, па со оваа смеса истријте го платнениот дел од патиките.




Вака истретирани, оставете ги патиките да преноќат, а следниот ден исперете ги со сапун и резултатите ќе ве воодушеват. Сара Трејси е уште една домаќинка која се пофали со својот успешен метод и објасни како таа ги обелува валканите патики:

Сара вели дека треба да се помешаат сода бикарбона и детергент за перење алишта за да се добие совршено средство за чистење на бели патики. Одноcoт е 1:1,5. На пример, на една лажица сода бикарбона, се додаваат 1,5 лажица детергент за бели алишта.




Тоа е соодноcoт, а вие одокативно одредете ги потребните количини. На оваа мешавина додајте малку вода (ако детергент е прашкаст, а ако е течен – не треба) за да добиете паста. Со помош на некоја стара четка за заби добро истријте ги патиките и оставете ги така да отстојат некое време.




Потоа исплакнете ги, па ставете ги во машина за перење алишта, на програм за патики, со ладна вода. За да не добијат мирис од влагата додека се сушат после перењето, нанесете им талк и оставете ги добро да се исушат на сонце и ветер.

Не заборавајте претходно да ги извадите врвките – напоменува таа. Некои од нејзините следбеници ја потсетија и на овој метод за чистење на белите патики: „Еден ден пред перењето ставете по три лажици сода бикарбона во секоја патика и така оставете ги до следниот ден.“




Потоа, извадете им ги врвките, истресете ја содата а врвките ставете ги во торбичка за перење. Ставете ги патиките во машината да се перат заедно со 4-5 постари пешкири кои не ги употребувате за лична хигиена, бидејќи на тој начин ќе направите рамнотежа и ќе спречите yдирање на патиките во машината.




Може да користите течен детергент, во случај ако вашите обувки се направени од осетлив материјал. Машината вкучете ја на ладно перење. Програмот треба да трае околу половина час, а после тоа оставете ги да се исушат, најдобро на сонце или на топло, проветно место. Никогаш не ги ставајте обувките во машина за сушење, бидејќи на тој начин се оштетува лепакот.




Ова е одличен метод после кој ќе yживате во вашите стари патики кои сте ги вратиле во живот. Повторно можете да ги носите и да бидете задоволни со новиот изглед како кога сте ги купиле. А ова е уште еден рецепт:

Измешајте алкoxолна киселина и сода бикарбона во однoc 1:1, на пример, половина чаша киселина и исто толку сода бикарбона. Ставете ја содата во адекватен пластичен сад. Додајте киселина и промешајте. Ќе дојде до одредена реакција и мешавината ќе започне да пени, но не грижете се, така треба.




Затоа садот треба да биде подлабок за да не дојде до претекување. Со помош на стара четка за заби темелно обработете ја целата површина на обувките со приготвената смеса, и оставете да отстои половина час. Потоа добро исплакнете со ладна вода.

Платнетните обувки, на пример патики или стартки, после оваа процедура можете дополнително да ги исперете во машина за алишта, но не заборавете да ги ставите во специјална вреќичка и да го вклучите програмот наменет за тоа. Вашите бели патики ќе бидат како нови.

Претходна статијаВака најлесно ќе ги измиете прозорите од надворешна страна без да излегувате надвор
Следна статијаЧОКО МАФИНИ: Сочни, мекички и следниот ден, вкусни – ова е најдобриот рецепт што постои