„Можам да ви кажам дека ова е најдобриот рецепт за чоколадни мафини што некогаш е запишан. Чоколадните мафини ги обожаваме, па трагајќи по најдобриот рецепт, наидов на овој, веднаш го испробав и само ќе речам – презадоволна сум!“




„Исто така, ќе ви кажам дека овој рецепт е еден од најдобрите кои досега сум ги пробала. Мафините се сочни и меки и следниот ден, а толку многу вкусни! Од претходно испробаните рецепти, исто така, имаше добри и многу вкусни, но следниот ден мафините се сушеа и ја губеа сочноста и свежината. Овој рецепт е вистинскиот!




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 180 г брашно (пченично бело Т 400), 180 г шеќер, 150 мл млеко, 150 мл јогурт, 50 мл масло, 20 г пченичен гриз, 20 г какао во прав, 10 г ванилин шеќер, 12 г прашок за печиво, 1 јајце, 150 г чоколадо со орео кекси




ПОСТАПКА: Во тенџере на оган ставете 150 мл млеко и 20 г гриз. Промешајте со жица за да се изедначи смесата и варете 2-3 минути откако ќе зоврие со непрекинато мешање. Кога ќе згусне сварениот гриз тргнете го на страна и оставете го да целосно да се излади.




Изладениот гриз претурете го во друг сад, па додајте едно јајце и повторно измешајте со жицата за матење додека да се изедначи смесата. Додајте 50 мл масло, 150 мл јогурт и 180 г шеќер. Добро измешајте со лажица или жица додека да добиете хомогена смеса.




Додајте и една кесичка ванилин шеќер (10 г) и повторно промешајте. Најпросле, низ сито просејте ги сувите состојки: 180 г брашно, 20 г какао во прав и една кесичка прашок за печиво (12 г). Просеаните суви состојки додајте ги во претходно изматената смеса.




Промешајте добро додека да се изедначат сите состојки. На страна ситно исечкајте 100 г Милка чоколадо со орео кекси. Доколку сакате може да одберете и некое друго чоколадо, но токму ова дава еден феноменален, одличен вкус. Исечканото чоколадо додајте го во смесата и промешајте.




Со лажица внимателно полнете ги хартиените калапи. Не ги полнете до врв затоа што мафините дополнително ќе пораснат при печењето. Одозгора наросете ги со 50 г ситно сечкано чоколадо. Може да одберете исто Милка со орео, чоколадни капки/снегулки или некое друго по ваш избор.




Вака приготвените мафини ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се печат приближно 20 минути. Печените мафини извадете ги од рерна и оставете ги да се оладат, па потоа извадете ги од хартиената салветка. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.