Фото и рецепт на Ивана Тодоровиќ – Божиќни топчиња.

Еве еден рецепт кој го пронајдов во еден прастар тефтер кој и припаѓаше на тетка ми, полн со пожолтени страници испишани со прекрасни рецепти…

Го пронајдов кога за првпат започнав да правам колачи за слава и оттогаш задолжително ги правам за слава, Нова година, Божиќ.. а и без некој посебен повод, бидејќи моите дома ги обожаваат…

Потребни состојки:

150 г суви смокви
250 г мелени ореви
120 г шеќер
100 г чоколадо за готвење

постапка:

Сомелете ги заедно смоквите и оревите (така помалку се лепат смоквите за ножето). Во посебен сад ставете го шеќерот, прелијте го со малку вода колку да се прекрие шеќерот.

Шеќерот со вода ставете го на оган и мешајте додека тој да се растопи целосно, па тргнете го садот од рингла и оставете сирупот малку да се подизлади.

Потоа додадете го чоколадото искршено на коцки и мешајте да се растопи, а потоа и мелените смокви и ореви. Убаво промешајте смесата целосно да се изедначи и да стане компактна.

Формирајте ги топчињата со големина на орев, па валкајте ги во чоколадни трошки, мелени ореви, кристален шеќер, рендано чоколадо…било што по желба. Многу се вкусни.

Фото и рецепт на Ивана Тодоровиќ