Рецепт и видео прилог на Мои Домашни Рецепти – зелка за зимница.

Многу едноставен и лесен рецепт, како да ја сочувате зелката за зимница. Оваа салата е многу вкусна и ги има сочувано сите витамини.

Потребни состојки:

1 кг зелка
Тегла од 2,5 литри
1,6 литар вода
4 супени лажици сол
80 мл бел оцет 9%

Постапка:

Зелката исчистете ја од надворешните листови и евентуална нечистотија. Потоа исечете ја ситно или по желба. Со сечената зелка наполнете стаклена тегла од 2,5 литри. Ќе ви остане да наполните уште една една тегла од 0,5 кг.

Во тенџере на оган ставете 1600 мл вода, додадете четири супени лажици сол и 80 мл алкохолна киселина 9%. Оставете да врие 7 минути. Со врелата течност дополнете ги теглите до врв и веднаш добро затворете ги со метални капаци. Теглите превртете ги и оставете ги така да се оладат.

После една седмица зелката е спремна за консумирање. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото:

https://youtu.be/V7SB1P2gTpI