Зелка е повкусна од месото. Зошто не го знаев овој рецепт порано? Подгответе го ова здраво јадење од зеленчук за вашето семејство. Откако го открив овој рецепт, го правам најмалку 2-3 пати месечно, децата го обожаваат. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Зелка (500 g), растително масло, 2 главици кромид, 3 чешниња лук, 3 јајца, 4 лажици брашно (60 g), 1 лажичка сол (8 g), 1 лажичка мелен црвен пипер (4 g), 1 лажичка црн пипер (4 g), растително масло за пржење. За сосот: 3 лажици кисела павлака или цврст јогурт (75 g), 2 гранчиња копар, 1 краставица (рендана), црвен и црн пипер во прав

ПОСТАПКА: Исечете ја ситно зелката и ставете ја во тенџере со 4 чаши вода (800 мл) да се вари 10 минути. Процедете и оставете да се олади. Загрејте малку масло на умерена температура, па пропржете го ситно сечканиот кромид.

Додајте го и лукчето, па продолжете со динстање. Кога ќе омекне, тргнете настрана. Во оладената зелка скршете три јајца, додајте ги динстаниот кромид и лук, 4 лажици брашно, 1 лажичка сол и црвен и црн пипер по вкус.

Добро измешајте додека сите состојки да се изедначат. Загрејте масло на умерена температура и со намастена лажица црпете од смесата и спуштајте во маслото. Пржете ги веге-ќофтињата додека да заруменат, па превртете ги и пржете ги уште малку од другата страна.

Вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка. Послужете ги со сос приготвен од кисела павлака и рендани или ситно сечкани краставички, зачинети со ситно сечкан копар, сол и пипер во прав, а по желба може да додадете и рендано лукче.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ВКУСНИ ВЕГЕ-ЌОФТИЊА ОД ЗЕЛКА: Кога еднаш ќе го пробате ова јадење, ќе го правите секој ден“ – ОВДЕ.

ВКУСНИ ВЕГЕ-ЌОФТИЊА ОД ЗЕЛКА: Кога еднаш ќе го пробате ова јадење, ќе го правите секој ден