Направете го овој совршен, брз колач кој нема на кој не му се допаѓа. Во зависност од сезоната и вкусот, наместо сливи можете да употребите јаболка, праски, кајсии, цреши или бобесто овошје по ваша желба. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 г шеќер, 200 мл млеко, 160 мл масло, 200 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 200 г мелени ореви, 1 лажичка цимет во прав, 500 г сливи, 4 супени лажици гриз, 1 лажичка цимет во прав

ПОСТАПКА: Јајцата пенасто изматете ги со миксер, па кога ќе станат пенливи додајте една кесичка ванилин шеќер и 100 г шеќер. Продолжете со матење додека шеќерот да се растопи и смесата да згусне.

Потоа додека сè уште матите додајте го млекото, па маслото, па на крај брашното и една кесичка прашок за печиво. Од добиената смеса издвојте три полни кутлачи и тргнете настрана. Во остатокот додајте ги мелените ореви и циметот.

Промешајте со лажица додека да се изедначи, па смесата излејте ја во тепсија или калап претходно намастен и набрашнет. Израмнете. Сливите исчистете ги и ситно исечкајте ги, па помешајте ги со гриз и цимет.

Рамномерно распоредете ги врз тестото, а одозгора „прошарајте“ со оние три кутлачи кои претходно ги одвоивте од жолтото тесто. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 30 минути.

Печениот колач оставете го да се подизлади, па наросете го со шеќер во прав и исечете го на коцки. На здравје сладење! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „СЕ ТОПИ ВО УСТА: Едноставен колач со гриз и џем за 25 минути – сите го бараат овој рецепт“ – ОВДЕ.

СЕ ТОПИ ВО УСТА: Едноставен колач со гриз и џем за 25 минути – сите го бараат овој рецепт