ЗДРАВ СОК: Се чува до 1 година, за зима е лековит, нема конзерванси и шеќер во него

Пробајте го рецептот на Драгана за вкусен сок од кајсии и праски кој може да го чувате до 1 година. „Свежиот сок се разликува од пастеризираниот по тоа што се чува во добро исчистени тегли кои се вакумираат. Нема потреба да додавате шеќер (доколку сакате да е киселкаст) и конзерванси“, вели Драгана.




Јас сокот го правев од кајсии и праски, ставив повеќе праски, но може и повеќе кајсии, како сакате. Ставив и сок од 2 лимони, бидејќи го сакаме киселиот вкус. Прочитајте го подетално рецептот подолу:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг овошје (праски и кајсии или нешто по ваш вкус), 2 лимони, 2 литри вода.




ПОСТАПКА: Сокот се подготвува многу едноставно. Најпрво, важно е да одберете здрави плодови кои немаат никакви оштетувања. Праските бирајте ги помеки, тие се поблаги и сокот излегува таман, нема потреба да се додава шеќер.




Праските и кајсиите добро се мијат под млаз вода. Јас ги тријам со прстите, нема потреба од четкичка бидејќи се доста меки. Праските ги лупам, па ја вадам семката на средина, а потоа истото го правам и со кајсиите.




Овошјето се става во едно поголемо тенџере, а потоа одозгора се прелива со 2 литри вода. Се става на рингла и се готви сосем малку, откога ќе зоврие водата се чека да омекне овошјето, а потоа се трга од рингла.




Додека овошјето се вари, пастеризирајте ги теглите каде што ќе го пакувате сокот. Тоа може да го направите во рерна, вклучете ја на 100 степени и пастеризирајте ги околу 35-40 минути, свртени со врвот надолу.




Или, стерилизирајте ги во машина за перење на садови, како ви е полесно, така. Кога овошјето ќе биде готово, изблендирајте го со рачен блендер или во обичен блендер да се направи сок без остатоци од овошјето.




Сокот се складира во чистите, изладени тегли и добро се затвора со капак. Потребно е да се чува на ладно и темно место, а во првите 24 часа добро е теглите да лежат на капакот за да се вакумираат. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаАко ви треба „спас“ рецепти за ненадејни гости, овие печива се подготвуваат додека трепнете
Следна статијаКандидата веќе нема да ви прави проблеми: Со овој лек се чисти од „корен“, испробано