Отсекогаш сум била голем љубител на колачите и чоколадата, но како што доаѓаат годините внимавам многу на исхраната и да не претерувам со многу благи работи. За среќа, го најдов овој совршен и здрав колач кој се прави од неколку состојки, а тој што го измислил рецептот се шегува и вели дека наjтешкиoт дел од подготовката на овој колач е лупењето на бананите, ете толку е лесен за правење.

ПРВ РЕЦЕПТ




Базичните состојки на колачот се такви какви што се, а разни читатели кои го испробале колачот го прилагодуваат по свој вкус. На пример, некои додаваат и јатки, како ореви, бадеми, лешници, за да си го направат повкусен. Еве што ви е потребно:

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 2 банани, 2 јајца, 4 големи лажици какао, 1/2 лажичка прашок за печиво. ЗА ГЛАЗУРА: 50 г чоколадо, 45 мл млеко, 15 г путер/маргарин.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 280 г брашно, 180 г шеќер, 50 г какао, на врв лажичка сол, 1 лажичка сода бикарбона, 3 јајца, 1 ванилин шеќер, 60 мл масло, 280 мл млеко, 60 г путер, +3 банани, калап 24 см, се пече на 170 степени, 45-50 минути. ЗА ПРЕЛИВ: 60 г шеќер, 20 г какао, 60 мл млеко, 60 г путер.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Користете здрави и зрели банани. Најпрво излупете, па исечкајте ги на помали кругови и ставете ги во блендер заедно со 2 јајца, 4 големи лажици какао и 1/2 лажичка прашок за печиво. Изблендирајте ги состојките додека да се добие хомогена смеса без грутчиња или поголеми остатоци од бананата. Смесата треба да биде малку погуста поради бананите.




Излејте ја смесата во лимен или друг калап за печење со пречник од 14 см. Колачот може да го печете во микровална печка или во рерна. Доколку го печете во микробранова печка, тогаш печете од 5 до 8 минути, а во рерна малку подолго од 10 до 12 минути, со повремено проверување. По печењето, колачот оставете да се олади.




ЗА ГЛАЗУРАТА: Соединете го чоколадото, млекото и путерот во тенџере на рингла и вклучете на ниска кон средна температура, додека да се растопат, а потоа излејте врз печениот колач. Многу е вкусен и веднаш се изедува. По вкус во смесата за кората може да додадете ситно сечкани ореви или во глазурата, а колачот одлично се комбинира и со црвено шумско овошје.




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Прво измешајте ги сувите состојки во еден поголем сад: 280 г брашно, 180 г шеќер (во оригиналниот рецепт имаше повеќе), 50 г какао, прстофат сол и една лажичка сода бикарбона. Во истата смеса додајте три јајца и една кесичка ванилин шеќер, 60 мл масло, 280 мл млеко и 60 г путер на собна температура.




Сите состојки заедно убаво изматете ги со миксер започнувајќи од најмала брзина, па постепено зголемувајќи додека да добиете убава мазна, полутелна смеса. Калап со величина 24 см (или 26) намастете го со путер и обложете го со хартија за печење, а рерната вклучете ја да се загрева на 170 степени.




Излупете две-три банани и отстранете им ги краевите. Исечете ги на малку подебели тркалца (приближно 2 см дебелина). Бананите наредете ги на дното од калапот, па врз нив излејте ја претходно приготвената смеса. Рамнемерно прелијте преку бананите, па ставете да се пече во загреана рерна околу 40 минути.




ЗА ПРЕЛИВ: Во едно тенџере ставете 60 г шеќер, 20 г какао и 60 мл млеко, па промешајте со жица. Загрејте на тивок оган, па кога ќе се загрее пастата додадете 60 г путер. Мешајте додека да се растопи и соедини. Печената торта прелијте ја со чоколадниот прелив. Деталите за првиот рецепт погледнете ОВДЕ, а за вториот рецепт ОВДЕ.