Подолу можете да го погледнете видеото каде професионална балерина својот необичен танц го изведува пред убав, црн коњ. Балерината започнува да танцува. Но, по неколку секунди…

Реакцијата на коњот е одлична. Оваа балерина танцува импресивно, но коњот е тој што го краде шоуто… Гледајќи ги младите жени како танцуваат, овој коњ решил да си ја испроба среќата, изведувајќи настап што го одзема здивот. Еве за што всушност станува збор:

За да ги промовира своите четири нови бои, познатиот бренд за лакови за нокти одлучил младите талентирани жени да танцуваат пред величествениот црн коњ.

Секоја нијанса потоа се поврзува со различен стил на танцување, а копитата на животното исто така се координирани со боите на дадената нијанса. Така, иако некои од движењата на коњот се додадени преку дигитално уредување, тој сепак изведува многу импресивни трикови.

Соочени со храброста на животното, танчерките остануваат без зборови и принудени се да признаат дека коњот е барем, ако не и повеќе, надарен од нив, без разлика на стилот на танцување.

Навистина, како вистински танчер, тој може да ги имитира и класичните и модерните танцови движења. Иако некои од потезите беа украсени со помош на мајстори за 3D анимација, повеќето од овие неверојатни потези всушност беа изведени од овој црн, прекрасен коњ.

Како и да е, оваа реклама ги поместува границите и на сите им покажува како изгледа едно ремек дело, барем кога се во прашање рекламите…

Анимација или не, оваа реклама е повеќе од само убава реклама. Тоа е вистинско ремек дело! Ве молиме СПОДЕЛЕТЕ го ова со вашите пријатели и семејството и разубавете им го денот. Рекламата можете да ја погледнете ОВДЕ.