Оваa есен и зима, ќе бидете полни со здравје и енергија ако сега го подготвите овој рецепт. Овој витамински еликсир и медицински рецепт е исклучително добар и докажан лек за зголемување на хемоглобинот, зголемување на енергијата и подобрување на општата кр-вна слика.




Намалувањето на нивото на хемоглобин во кр-вта, без оглед на бројот на црвените кр-вни клетки, ја намалува способноста на кр-вта да носи кислород низ телото – и доведува до анемија.




За да го подготвите овој природен лек, потребни ви се: 200 г мед, 200 г мелени ореви, 200 г суво грозје, 200 мл сок од морков, 200 мл сок од цвекло, 2 лимони. Подготовка: Измијте ги двата лимони. Исечете ги на половина и отстранете ги семките. Лимоните се мелат со кората и смесата се става во чиста, стаклена тегла.




Додајте мед, исцеден сок од цвекло и исцеден сок од морков во мелената лимонска смеса. Измешајте. Потоа во оваа смеса додајте ситно исечкани или мелени ореви и сувото грозје. Соединете сè во еднолична смеса.




Од оваа количина ќе добиете околу 1 кг вкусна и многу здрава лековита смеса. Чувајте ја во стаклена тегла во фрижидер. Начин на конcyмирање: Јадете по 1 лажица трипати на ден, пред секој оброк.




Прочитајте го и следниот рецепт-лек со ѓумбир за настинки и сите сезонски болести. Убаво би било доколку си го направите после 1 седмица пауза од првиот рецепт, за да се заштитите од сезонските болести.




Потребни состојки: 400 г мед, 3 сочни лимони (по можност органски), 2 корења од ѓумбир (околу 250 г). Постапка: Изрендајте го ѓумбирот. Исечете го лимонот на парчиња, отстранете ги семките и ставете го во блендер, заедно со кората и добро сомелете го.




Некои во оваа смеса ги додаваат и семките, но само во случај на органски лимон кога сте сигурни дека истиот не бил прскан или третиран со некакви хемикалии (во семките се концентрираат тие супстанции).




Ако лимонот сте го купиле, но сепак сакате да ги искористите сите бенефити од неговата кора, тогаш оставете го да отстои во раствор од вода и сода бикарбона, па добро истријте ги лимоните и измијте ги со ладна вода.




Потоа, во блендерот додајте го и ѓумбирот и заедно со лимонот продолжете да ги блендирате. На крај, во смесата додајте го медот, кој најдобро е претходно да го растопите така што теглата мед ставете ја во топла вода.




Употреба: Секое утро од смесата додавајте по една лажичка во топла вода или чај и пијте. Набрзо ќе ги забележите резултатите. Погоден е и за деца, а во тој случај отстранувајте ги семките од лимонот за да не биде горчлива смесата. Оваа смеса не е погодна за деца помлади од 2 години.