Засадете босилек во домашни услови за претстојната зима – ќе ве штити од вирусни инфекции

Уште малку ќе можеме да ги береме билките во свежа состојба, а потоа следува период кога ќе ни преостанат само оние кои сме успеале да ги исушиме и складираме. Многу од билките ни се потребни и во зимскиот период, па затоа доколку имате услови, продолжете да ги одгледувате во саксии, во домашни услови.

Такви се босилекот и нането во чиј опоен мирис можете да уживате и во текот на целата зима. Босилекот е едногодишна, многу ароматична билка со зелени листови, но често се одгледува и оној вид со црвено-виолетова боја. Постојат околу 150 различни видови босилек и сите имаат специфичен изглед и вкус.

Има силно антиоксидативно дејство кое го штити организмот од штетното влијание на слободните радикали, спречува стареење на клетките и појава на неколку видови рак. Го штити срцето и крвните садови, а превентивно делува и врз астмата.

Loading...

Босилекот содржи доста витамини Б6, А, Ц и магнезиум. Магнезиумот го јакне срцевиот мускул и спречува појава на инфаркт.

Свежите листови имаат антибактериски и антисептички својства, па може да се применуваат во лекување на различни инфекции. Може да се користи локално, односно директно да се става врз рани, со што се спречува продор на бактерии. Негови лековити својства се:

-силен антиоксидант;
-делува антибактериски;
-го јакне имунолошкиот систем;
-спречува оксидација на холестерол;
-го штити срцето и крвните садови;
-помага во борба против инфекции;
-намалува воспаленија предизвикани од артритис;
-лекува мигрена како и
-воспаление на бубрези.

Иста така се приготвува и во кулинарството, а при приготвувањето на некоја храна се става пре крајот од постапката за да се сочува неговиот вкус. Честопати се користи и како декоративна билка во рестораните и кафеаните, особено во последно време кога повеќе се внимава на декорацијата на самата храна.

За да имаме свеж босилек во текот на зимата, можеме да го сочуваме на многу интересен начин, така што ситно ќе го исечкаме и рамномерно ќе го распоредиме во калапи за мраз, па заедно со вода ќе се замрзне во вид на коцки. Во текот на приготвувањето во јадењата може да се додадат неколку вакви коцки со босилек. На овој начин не ја губи аромата, ниту етеричните масла.

Чајот од босилек може да се приготвува и од свежи листови (или од суви листови), така што исечканите листови ќе се прелијат со врела вода, ќе се поклопи за да не испарат етеричните масла, а после 8 минути може да се процеди и да се пие.

СОК ОД БОСИЛЕК:

Во еден сад со 1 литар вода додадете 400 г шеќер, па кога ќе зоврие и шеќерот ќе се растопи, додадете 4 лажици исечкан босилек. Варете уште 10 минути, па тргнете на страна поклопено и кога ќе се олади, процедете, додадете сок од еден лимон или два, па складирајте во шише. Чувајте во фрижидер и користете како сируп на растворање.

Loading...