Запечени солени палачинки со шунка и крем сирење

loading...

Фото и рецепт: Лилјана Марјановиќ

Потребни состојки:

12-15 палачинки (во зависност од тавчето во кое ќе го печете)

Крем сирење за премачкување на палачинките

loading...

Сечкана шунка за филување на палачинките (рендана, на ленти или на коцки)

1-2 јајца

1 чаша кисела павлака

50 мл газирана вода

Кашкавал (рендан или сечен на листови)

Постапка:

Палачинките испечете ги според вашиот рецепт. Секоја палачинка премалчкајте ја со крем сирење (или павлака измешана со урда) и наросете со рендана шунка или сечена на листови. Витканите палачинки редете ги во плехот или калапот додека да се пополни.

Потоа изматете јајце со кисела павлака и со 50 мл газирана вода. Посолете ги и прелијте ги палачинките, па одозгора наредете листови кашкавал.

Ставете да се пече 15-тина минути цо рерна со вентилатор (или обично).

ЗА СЛАТКА ВАРИЈАНТА:

Испечените палачинки се полнат со фил: свежо сирење (несолено), јајце, слатка павлака, шеќер, 1 ванилин шеќер, кора од лимон. Се полнат палачинките, а во остатокот од смесата се додава 2-3 кисели павлаки, уште малку шеќер, јајце и кора од лимон. Па оваа смеса тенко се размачкува во плехот, па се редат полнетите палачинки и се прелеваат со приготвената смеса. Се запекуваат на 180 степени околу 20-30 минути.

Фото и рецепт: Лилјана Марјановиќ

loading...