„Здраво, драги пријатели, јас сум Валентина Машковиќ и со вас сакам да споделам еден многу едноставен лек за зајакнување на имунитетот преку есен и зима. Како што прочитавте во насловот, доколку го конcyмирате овој напиток ќе ги заобиколите аптеките оваа сезона бидејќи ќе бидете здрави“, рече Валентина во својата презентација.

Многу е подобро да се послужиме со намирници кои ни ги дала природата, нешто што е здраво и што ќе ни помогне да го подобриме имунитетот бидејќи ни претстои ладна зима, а помеѓу нас сè уште владее вирусот од кој треба да се заштитиме.

„Иако немаме многу голем избор на овошје како е случај во летото, оваа едноставна комбинација од 3 состојки може да ја замените наместо да пиете газирани сокови или нешто што сте купиле во аптеката, некој лек што и самите не знаеме дали е добар“, објасни Валентина.

„Јас од мое искуство сакам да ви кажам дека секогаш се потпирам на овој лек кога ќе залади, бидејќи е проверено ефикасен. Имав искуство со некои лекови кои за малку ќе ми направеа ха-ос во организмот, доколку не престанав да ги пијам навреме.

Од природниот лек кој може да го прочитате подолу, ќе имате за користење приближно 10-15 дена, а потоа може да направите уште една тура. Сепак, не треба да се претерува ни со конcyмирањето на овој лек, една до две чашки е доволно да се пијат на ден.

Потребни состојки: 1,5 кг лимон, 250-300 г ѓумбир, 1 кг природен мед (багремов, ливадски, боров, шумски). Постапка: Прво нешто што ќе направам сигурно знаат оние што подолго време ме следат, а тоа е дека прво ќе ја истретирам кората од лимон.

Лимонот доколку го користите со кора мора да го истретирате со вода и сода бикарбона. Во еден подлабок сад ставете вода и земете еден лимон. Настрана имајте си сода бикарбона и земете по малце и тријте ја лимоновата кора некое време.

Вака истретираниот лимон не го мијте со вода, туку ставете го во друг сад наполнет со вода. Вака постапете со сите лимони, а потоа преостанатата сода бикарбона ставете ја во водата во која отстојале лимоните. Оставете да „киснат” во водата најмалку 1 час.

Ѓумбирот може да го измиете и со лушпа да го користите или само да му ја излупите кората. Ѓумбирот е здрав како цел корен, може да се јаде со лушпа или без, но само добро измијте го и пресечете доколку видите некои оште-тени делови на него.

Потоа изрендајте го или исечкајте го што поситно и складирајте го во чист, стаклен сад. Откако ќе завршите со подготовките на ѓумбирот, продолжете понатаму: секој лимон пребришете го со кујнска памучна крпа од водата и пресечете го на половина. Отстранете ги краевите и семките.

И лимонот се сечка на тенки листови и се додава во сечканиот ѓумбир. Одозгора прелијте со природен мед, јас користев багремов. Измешајте се и оставете смесата да отстои во садот 2 часа, покриена со крпа.

По изминатото време, целата смеса складирајте ја во тегли кои се чуваат во фрижидер или на некое ладно место.

Вака складирана смесата се остава да отстои 24 часа за добро да се соедини меѓусебе. Се користи по 2 лажички на чаша од 250 мл со вода и така се пие еднаш на ден“, објасни Валентина. Деталите од целата нејзина презентација погледнете ја во видеото ОВДЕ.