Како што деновите стануваат сè потопли и подолги, разни инсекти сè послободно излегуваат на површината, нè мачат и касаат.
Замката за комарци направена од целосно природни состојки е многу добро решение за да се ослободите од овие напади за многу кратко време.
Еве како се прави и како функционира!
Можете лесно да го намалите бројот на комарци во вашиот дом со помош на пластично шише, кое ќе ги привлече комарците и ќе ги yбие. Смесата која се става во исечено пластично шише може да издржи околу две недели, по што шишето се фрла.
За да добиете поголема ефикасност, се препорачува да поставите повеќе вакви замки во станот, околу куќата или во дворот. Предноста на овој начин на одвраќање на комарците од вашето живеалиште е тоа што е сосема природен.
Не постојат штетни состојки или хемикалии кои често се наоѓаат во многу препарати и уреди наменети за yништување на инсектите. Затоа, нема штетни неприродни мириси или горење што го загадуваат воздухот.
Сигурно ги имате сите состојки во вашата куќа, па дури и да не е така, тие се лесно достапни и не чинат многу. За оваа природна стапица за комарци, потребно ви е следново:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша топла вода, 1/4 чаша кафеав шеќер, 1 кафена лажичка сув квасец (може и свеж), 1 пластично шише од 2 литри
Како се прави оваа замка?
1) Исечете го пластичното шише на половина. Горната половина (како инка) ќе ја ставите во долната половина од шишето, но подоцна.
2) Истурете чаша топла вода во долниот дел.
3) Додајте 1/4 чаша кафеав шеќер и промешајте за целосно да се растопи.
4) Кога ќе се олади (или ќе стане млака), во оваа смеса додајте квасец (не мора да мешате).
5) Горниот дел од шишето како инка ставете го во другата половина од шишето каде што сте ги истуриле сите состојки, залепете ги страните со селотејп за да не се одвојат деловите од шишето.
И, завиткајте го во хартија од весник, темна кеса или нешто друго, бидејќи комарците сакаат темни места. .
6) Оставете го ваквото шише на место каде што има многу комарци и ќе видите дека нивниот број драстично ќе се намалува.
Како функционира оваа стапица?
Вака измешаниот квасец ослободува јаглерод диоксид кој ги привлекува комарците. Откако ќе влезат во стапицата, нема излез.
Ќе слетаат на површината на смесата што сте ја направиле, ќе бараат излез по внатрешноста на шишето, но секое бегство од тука ќе биде блокирано. На крајот, уморен од талкањето, ќе падне на дното и ќе yмре.
Во продолжение можете исто така да погледате видео-инструкции за подготовка на слични стапици: Ослободете се од овие мали предатори со бесплатна стапица за комарци – ОВДЕ.
Исто така, прочитајте „КОМАРЦИТЕ НЕ МИ МОЖАТ НИШТО: Кога ќе испрскам 2,5 месеци не ми се приближуваат“:
„КОМАРЦИТЕ НЕ МИ МОЖАТ НИШТО: Кога ќе испрскам 2,5 месеци не ми се приближуваат“