Без разлика дали сте веган, не јадете јајца, алергични сте на нив, постите или едноставно ви се потрошиле и немате ниту едно при рака, а мора да приготвите некој брз десерт, треба да знаете дека замени за јајце постојат.

Прочитајте како најдобро ќе ги замените јајцата во рецептите.

Јајцата обично е тешко да се заменат во рецептите, особено во десертите, но тое не е и невозможно. Некои замени не се најидеалното решение, бидејќи се менува вкусот и текстурата, но повеќето се сосем одговарачки.

ОСНОВНИ ЗАМЕНИ

1 јајце = 1 помала банана или половина голема банана

1 јајце = 2 полни лажици компиров скроб

1 јајце = 28 г пире од јаболка

1 јајце = 1 лажица соино брашно и 1 лажица вода

1 јајце = лажица мелено ленено семе и 2-3 лажици топла вода

1 јајце = 2 лажици оцет во 100 мл вода

1 јајце = 50 мл овошно пире и ½ лажичка прашок за печиво

ЗА СОЛЕНИ ЈАДЕЊА

Ако правите мусака, ќофте, плескавици, печива или некои предјадења во кои се содржи јајце, во овие јадења можете истото да го замените со пченкарен или компиров скроб, интегрално брашно, лебни трошки, компир пире или компир пире во снегулки/прав. Две до три лажици од наведените состојки може да заменат едно јајце.

КАКО СЕ УПОТРЕБУВА ЛЕНЕНОТО СЕМЕ

Ако имате мелено ленено семе и него можете да го искористите како замена. Промешајте 1 лажица мелено ленено семе со 3 лажици топла вода. Оставете 10 минути, а потоа додадете ја смесата во рецептот наместо јајце.

Дали вие некогаш сте користеле замена за јајце во рецептите? Ако да, запишете го вашето искуство.