Рецепт и видео презентација на Силванина кујна. Зајакнете го имунитетот преку ноќ со комбинација од три намирници. Оваа моќна комбинација од мед, ѓумбир и лимон ќе ве заштити од сите вируси и сезонскиот грип. Толку е лековита што нема да се почувствувате болни и настинати доколку ја консумирате секојдневно.

I рецепт: Потребни состојки: 2 лимони, средно парче корен од ѓумбир, 3 лажички мед.

Постапка: Во длабок сад исечете 2 лимони на подебели парчиња со се кората. Доколку лимонот ви е купечки, можете претходно да го оставите во сад со вода и сода бикарбона да отстои некое време, а потоа да ја искористите и неговата кора. Потребно е да ги извадите семките од лимонот додека го сечете.

Потоа земете средно парче корен од ѓумбир, излупете ја кората и исечете го на мали парчиња. Додадете го во садот со исечканиот лимон. Ѓумбирот и лимонот ставете ги во блендер, а на крајот додадете го медот во блендерот.

Изблендирајте ја смесата додека да се измешаат сите состојки и стане хомогена. Подготвената смеса префрлете ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. Смесата треба да се искористи во рок од една недела.

Наутро на празен стомак, ставете една супена лажица од смесата во чаша и потоа додадете вода. Малку измешајте со лажицата и потоа испијте ја смесата. Повторувајте ја оваа постапка секое утро, а имунитетот ќе го зајакнете преку ноќ. Деталите од целата постапка може да ги погледнете ОВДЕ.

II рецепт: Витаминска бомба за имунитет со 3 состојки која може да ја консумирате на 2 начина. Рецепт на Саце Рецепти

Од овој рецепт, количината на сите состојки ја оставаме на вас. Смесата може да ја подготвувате секој ден или да направите поголема количина за неколку дена. Јас секогаш правам поголема количина бидејќи секојдневно консумираме по една лажица со семејството.

Потребни состојки: Рендано цвекло, сок од 1 лимон, 1,5 супена лажица мед.

Подготовка: Во садот со рендано цвекло додадете го сокот од лимон. Може да ставите 2 или 3 лимони, смесата ќе биде уште повкусна. Потоа во празна чаша ставете мед и полијте со ладна вода. Малку промешајте додека да добиете медена вода, а потоа хомогената течност префрлете ја во садот со цвекло и лимон. Изрендајте поголема количина на цвекло за да добиете погуста смеса.

Оваа смеса може да ја консумирате на 2 начина. Првиот начин е да земате по 1 супена лажица наутро на празен стомак секојдневно. А вториот начин е вака подготвената смеса да ја ставите во блендер и да ја измешате со свеж сок од цеден портокал.

Пијте по 1 чаша наутро или половина час пред оброк измешано со малку вода. Со овие намирници крвната слика ќе ја подобрите во рок од 1 недела. Деталите од целата постапка може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

III рецепт: Природен мед од глуварче за имунитет и регенерација на замастен црн дроб. Фотографија и рецепт на Ивана Костиќ-Станковиќ – мед од глуварче.

Глуварчето одамна е познато и докажано како одличен природен лек и најчесто се користи за подобрување на имунитетот, како и за лекување на заболен црн дроб. Глуварчето е многу здрава билка која помага за лекување на бројни здравствени проблеми. Се користи за спречување на рак, ја одржува функцијата на црниот дроб, претставува природен диуретик, врши детоксикација на организмот и се користи за слабеење.

Ова е рецепт за приготвување на природен сируп од цветовите на глуварчето кое иако не е пчелин мед, сепак се нарекува “мед од глуварче” поради сличноста на конзистенцијата и неговата лековитост.

Потребни состојки: голема количина цветови од глуварче, 4 кг интегрален шеќер, 2 л вода, сок од 4 лимони.

Постапка: Лимоните добро измијте ги и оставете ги половина час во ладна вода со малку сода бикарбона. Потоа исплакнете ги и исечете ги на тркалца, извадете им ги семките и ставете ги заедно со набраните цветови од глуварче.

Цветовите е најдобро да се берат на пладне кога сонцето е највисоко, а цветовите се најотворени. Смесата прелијте ја со 2 л вода и оставете ја целата содржина поклопена да отстои 24 часа. Потоа ставете го тенџерето на оган и варете на умерена температура половина час. Процедете ја содржината и добро истискајте ги цветовите и лимоните.

Во течноста додадете го шеќерот и повторно вратете на оган. Овојпат гответе еден час. Додека се вари сирупот ќе забележите дека на површината може да се нафаќа пена која е потребно да ја извадите за медот да не биде горчлив.

Кога медот е готов, се складира во чисти тегли. Кога ќе излади смесата ќе згусне. Медот може да се чува во ладна и темна просторија до една година. Се консумира наутро на гладен стомак по една лажица, може да се додава во зелен чај или да се користи како намаз. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.