Истражувањето покажа дека и загаденоста на воздухот придонесува за појава на воспалителни процеси во организмот, како и до намалување на производството на инсулин.

Поголем ризик за дијабетес е присутен во области каде е поголема концентрацијата на загаден воздух, според одредбите на Светската здравствена организација (WHO).

Токсичниот воздух придонесува за појава на 3,2 милиони нови случаи на дијабетес годишно, велат резултатите од ова истражување. Тоа е 14% од сите нови случаи на шеќерна болест кои се појавуваат годишно. Се проценува дека од дијабетес боледуваат 420 милиони луѓе.

Многу е важно да обратите внимание на следниве симптоми и да се информирате како доаѓа до појава на оваа болест.

ЗАМАСТЕНИ ОРГАНИ

Фруктозата која е прост шеќер, го тера црниот дроб поефикасно да ги складишти мастите и тоа на чудни места. Со текот на времето доаѓа до создавање на масни наслаги околу црниот дроб, што предизвикува негово заболување. Ова беше многу ретка појава во 80-тите години од минатиот век.

ПОДГОТОВКА ЗА ПОЈАВА НА ДИЈАБЕТЕС

На секои дополнителни 150 калории добиени поради внес на шеќер, дополнително се зголемуваат шансите да се добие дијабетес за 1,1%. Имате честа потреба за мокрење.

ХАОС ОД ХОЛЕСТЕРОЛ

Кај лицата кои имаат висок холестерол и/или дијабетес и оние со вишок килограми, забележано е дека консумираат повеќе шеќер од вообичаеното. Кај овие лица се бележи најголем пораст на лошиот холестерол и опасните триглицериди, а воедно и намалување на добриот холестерол (ХДЛ).

Прекумерниот шеќер го стимулира црниот дроб да произведува повеќе лош холестерол и истовремено го спречува организмот да го исфрли истиот.

ЛОШО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ СРЦЕТО

Срцевите заболувања и дијабетесот се тесно поврзани. Срцевите и мозочните удари се најголемите причинители (65%) за смрт кај лицата со дијабетес тип 2.

КРВЕН ПРИТИСОК

Доаѓа до прекумерно лачење на инсулин, кој лошо влијае врз системот за циркулација и врз артериите. Хронично високот ниво на инсулин предизвикува брз раст на мускулни клетки околу крвните садови, а тоа предизвикува стврднување на ѕидовите на артериите, што е чекор до висок крвен притисок.

ПРЕДИЗВИКУВА ДИЈАБЕТЕС ТИП 3

Невропатологот од Универизтетот Браун, Сузан Де Ла Монте, го смислила терминот “дијабетес 3”, откако нејзиниот тим од соработници, први ја откриле врската помеѓу резистентност на инсулин, исхрана богата со масти и Алцхајмеровата болест.

Според мислењето на овие научници, Алцхајмеровата болест е всушност метаболичка болест, во која е оштетена способноста на мозокот да ја користи глукозата и да произведе енергија.

ПОСТОЈАНО СТЕ ГЛАДНИ И НЕНАСИТНИ

Редовното внесување на големи количини шеќер, го спречува нормалното испраќање до мозокот дека сме сити. Лептинот, хормон кој испраќа сигнали дека сме сити, не си ја врши својата функција, додека фруктозата која сме ја внеле преку шеќерот, постојано предизвикува глад.

СТАНУВАТЕ ЗАВИСНОК ОД ШЕќЕР

Шеќерот предизвикува лачење на хемикалии кои влијаат врз центарот за задоволство во мозокот, односно, се лачат опоиди и допамин.

Како и кај лицат кои користат наркотични средства, во овој случај се развива толеранција на шеќер, што значи дека е потребно повеќе шеќер за да се постигне чувство на задоволство. При проучувањето на влијанието од шеќерот врз глувци, било забележано дека животните започнувале да цвокотат со забите, да имаат тремот, треперење и да стануваат анксиозни кога ќе им се одземе шеќерот.

УМОР

Премногу шеќер во организмот доведува со постојано чувство на умор. Доаѓа до постојани промени на нивото на шеќер во крвта, поради што организмот постојано ви бара да јадете нешто слатко, и така се вртите во магичен круг.

ДЕПРЕСИЈА

Постои поврзаност помеѓу депресијата и јадењето слатки. Лицата кои јадат многу благо, со текот на времето стануваат посклони на депресија.

ОСТАРУВА ЛИЦЕТО

Шеќерот во крвта се врзува за протеините и така се формираат штетните молекули наречени AGE, кои ги напаѓаат околните протеини, вклучително и протеинските влакна и колагенот и еластинот, состојки кои прават кожата да изгледа цврста и еластична. Како резултат на тоа, доаѓа до создавање на брчки и опуштање на кожата.