Во комбинација со лукот претставува најмоќен антибиотик што го дала природата.

Кралот на билките, моќен природен антибиотик – босилекот, е една од прастарите и популарни билки која изобилува со фитонутриенти. Оваа мала зелена грмушка специјално се одгледува поради своите лековити листови и семе.

Босилекот содржи доста витамини Б6, А, Ц и магнезиум. Магнезиумот го јакне срцевиот мускул и спречува појава на инфаркт.

Свежите листови имаат антибактериски и антисептички својства, па може да се применуваат во лекување на различни инфекции. Може да се користи локално, односно директно да се става врз рани, со што се спречува продор на бактерии. Негови лековити својства се:

-силен антиоксидант;
-делува антибактериски;
-го јакне имунолошкиот систем;
-спречува оксидација на холестерол;
-го штити срцето и крвните садови;
-помага во борба против инфекции;
-намалува воспаленија предизвикани од артритис;
-лекува мигрена како и
-воспаление на бубрези.

Иста така се приготвува и во кулинарството, а при приготвувањето на некоја храна се става пре крајот од постапката за да се сочува неговиот вкус. Честопати се користи и како декоративна билка во рестораните и кафеаните, особено во последно време кога повеќе се внимава на декорацијата на самата храна.

Чајот од босилек може да се приготвува и од свежи листови (или од суви листови), така што исечканите листови ќе се прелијат со врела вода, ќе се поклопи за да не испарат етеричните масла, а после 8 минути може да се процеди и да се пие.

СОК ОД БОСИЛЕК:

Во еден сад со 1 литар вода додадете 400 г шеќер, па кога ќе зоврие и шеќерот ќе се растопи, додадете 4 лажици исечкан босилек. Варете уште 10 минути, па тргнете на страна поклопено и кога ќе се олади, процедете, додадете сок од еден лимон или два, па складирајте во шише. Чувајте во фрижидер и користете како сируп на растворање.

КАШЛИЦА И БОЛЕСТИ НА РЕСПИРАТОРНИОТ СИСТЕМ: Редовно се џвакаат свежи листови од босилек.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

1 лажица босилек, 250 мл зовриена вода, 1 лажица рендан ѓумбир, 1 лажица мед, 1 прстофат сол, 5 каранфилчиња

Постапка:

Се подготвува следниот напиток: се подготвува чај од босилек (се попарува билката, се остава поклопено 15 минути и се процедува). Во овој чај се додава една лажица рендан свеж ѓумбир, една лажица мед, 5 каранфилчиња и прстофат сол. Се пие неколку пати во денот, во голтки.

КАМЕН ВО БУБРЕГ

Во една стаклена тегла се реди грст босилек, грубо изгмечен или изблендиран, се полива со мед, повторно босилек и сè така додека да се исполни теглата.

Се облепува теглата со алуминиумска фолија и се чува во фрижидер. Се консумира откако ќе отстои барем 24 часа. Сокот од босилек (лист) и мед, се зема редовно, трипати дневно пред оброк, во текот на 6 месеци.