Полнето солено печиво кое е здраво за јадење, многу вкусно и полно со витамини – рецепт кој заслужува да го испробате. „Еве еден предлог, брза подготовка, рецепт без млеко и јајца, совршено јадење за вечера (барем кај нас така беше) со чаша јогурт или кисело млеко…“ – Аурора.




Нема нешто поубаво од домашно приготвено печиво, како што вели Аурора, а згора на тоа збогатено со драгоцениот спанаќ или некој друг зелен зеленчук (спанаќ, зелје, коприва…), а еве кои намирници ви се потребни за да ја приготвите оваа пита:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 450-500 г спанаќ, 250 мл млака вода, 1/2 коцка свеж квасец (20 г) или 1 кесичка сув квасец (8-10 г), 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 120 г путер/маргарин или маст. ЗА ФИЛ: 400 г свеж спанаќ, малку сол, 300 г ситно сирење/фета, 2 супени лажици масло, малку јогурт или кисело млеко




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете 250 мл млака/топла вода, па додајте го квасецот и лажичка шеќер и добро промешајте со дрвена лажица или шпатула за да се растворат состојките.

Доколку користите свеж квасец, додајте и малку брашно, па оставете 10-тина минути на топло за да ферментира квасецот, а доколку користите сув квасец, можете веднаш да го замесите тестото.




Во активираниот квасец најпрво додајте малку брашно, околу 100-тина грама, додајте го растопениот путер/маст (120 г) и оладен (да биде млак), па измешајте добро додека да се соединат состојките.




Потоа започнете постепено да го додавате остатокот од брашното и една лажичка сол. Брашно ќе ви биде потребно помеѓу 450 г и 500 г, во зависност од самото брашно колку впива. На почетокот мешајте со лажица/шпатула, а кога тестото ќе згусне замесете го со рака. Нема потреба многу долго да се меси, бидејќи од путерот станува мазно и компактно.




Тестото оставете го во садот во кој го замесивте и покријте го со проѕирна-стреч фолија, па оставете го во топла просторија да стасува околу 20-тина минути или додека да го удвои својот волумен. За тоа време пригответе го филот.




Убаво измиениот спанаќ и исцеден од водата, ситно исечкјате го и посолете со една лажичка сол и истискајте го низ прсти за да омекне. Потоа додајте малку јогурт или кисело млеко (2-3 лажици), 2 лажици маслиново или обично масло и ситно сирење. Добро промешајте за да се изедначи.




Стасаното тесто истресете го врз набрашнета работна површина и поделете го на два еднакви дела. Потоа со помош на оклагија двете теста развлечете ги во тенки кори со правоаголна форма. Половина од филот нанесете врз едната кора и рамномерно распоредете преку целата површина.




Потоа преклопете со втората кора и развлечете ја добро да се соедини на краевите со долната кора. Одозгора распоредете го остатокот од филот, па внимателно започнете да виткате како ролат од подолгата страна.




Ролатот сечете го на парчиња со дебелина од 1,5 см и редете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Питата покријте ја со крпа и оставете ја да одмори 10-тина минути колку тестото малку да ферментира, а потоа премачкјате ја со една изматена жолчка и наросете со сусам.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 20-25 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.