ЗАБОРАВETE НА СИТЕ ПИТИ: Полнети солени печива, здрави, вкусни, полни со витамини – рецептот вреди да се проба! Здраво драги мои, еве еден предлог, здрави печива, брзи без млеко и јајца, совршен рецепт за вечера, барем така беше кај нас, со чаша јогурт или кисело млеко.




Потребни состојки за домашна штрудла – пита со спанаќ: 450 – 500 г брашно, 250 мл млака вода, 8 г сув или половина коцка свеж квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 120 г маргарин/путер или домашна маст.




За фил: 400 г свеж спанаќ, малку сол, 300 г посна урда или обична, 2 лажици маслиново масло, малку газирана вода или јогурт/кисело млеко. Постапка: Во еден сад каде што ќе го замесувате тестото ставете го квасецот и прелијте со млаката вода.




Додајте 1 лажичка шеќер и малку од брашното и почекајте малку квасецот да набубри. Потоа додајте ја солта, растопен путер или домашна растопена маст и на крај додавајте го брашното додека да замесите фино и меко тесто.




Тестото излегува многу вкусно, а тоа најмногу се должи на путерот бидејќи го прави масно и меко, а на вкус е многу убаво. Оставете го тестото во садот и покријте со проѕирна фолија и памучна крпа и почекајте да стаса 15-20 минути.




За тоа време подгответе го филот: Спанаќот исечкајте го ситно, јас претходно не го варам туку добро го мијам под млаз вода и свеж го користам. Исечканиот спанаќ ставете го во урдата, додајте 1 лажичка маслиново масло и малку јогурт или кисело млеко.




Измешајте за филот да се соедини. Кога тестото ќе стаса, ставете го на рамна работна површина и поделете го на два еднакви делови. Потоа секој дел развлечете го со малку набрашнета оклагија во правоаголник што е можно потенко.




На првата развлечена кора се става половина од филот и добро се распоредува. Потоа одозгора се става втората кора и преостанатиот фил. Започнете да виткате како голем ролат-штрудла од корите. Потоа ролатот се сече на помали делови и тие се редат во огноотпоред сад.




Печивата се оставаат да отстојат 10-тина минути малку да стасаат додека рерната се загрее на 200 степени. Пред да ги ставите на печење премачкајте одозгора со разматена жолчка и наросете со сусам по желба. Печете 20-25 минути во зависност од рерната. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.